Халејакала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Халеакала)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Халејакала
Haleakalā
Источен Мауски Вулкан
Haleakala crater (1).jpg
Кратерот на Халејакала
Највисока точка
Изолираност 123 km
Координати 20°42′35″ СГШ 156°15′12″ ЗГД / 
Географија
Место Мауи, Хаваи
Матичен венец Хавајски Острови
Геологија
Старост на карпата <1,0 милиони години, плеистоцен
Вид планина Штитест вулкан
Вулкански лак/појас Хавајска Подморска Верига
Последен избув меѓу 1480 и 1600[1]
Изгрејсонце на Халејакала

Халејакалавулканска купа која формира повеќе од 75% од хавајскиот остров Мауи во северниот Пацифик. Останатиот дел од островот исто така е со вулканско потекло и настанал од работата на вулканот Мауна Кахалава. Највисокиот врв на вулканот лежи на надморска висина од 3.055 метри. Под самиот врв се наоѓа до 800 метра длабока депресија долга повеќе од 11 км, широка околу 3,2 км. Падините стрмо се спуштаат кон дното на депресијата на која се наоѓаат бројни мали секундарни купи.

Името на вулканот Халејакала кое во превод значи „куќа на Сонцето“ доаѓа од локалните племиња кои на тој остров живееле пред доаѓањето на европските истражувачи. Спрема локална легенда на самиот врв на вулканот живеела бабата на полубогот Мауи, која му помогнала на својот внук да го зароби Сонцето и да го принуди да го успори својот пат преку небесниот свод, и на тој начин го продолжила траењето на денот.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]