Халасана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Халасана.

Халасана (санскрит: हलासन; МАСТ: halāsana) или положба на рало[1] ― превртена асана во хата јогата и современата јога како вежбање. Нејзините варијации вклучуваат Карнапидасана со колената покрај ушите и Супта Конасана со широко раздвоени стапала.

Етимологија и потекло[уреди | уреди извор]

Завршената положба наликува на традиционално рало.
Гуруто за здравје и убавина Маргерит Агниел во положба на рало, ок. 1928 година. Фотографија на Џон де Мирџијан.

Името Халасана доаѓа од санскритскиот збор хала (हला) што значи „рало“ и асана (आसन) што значи „држење“ или „седење“.[2] Положбата е опишана и илустрирана во Сритатваниди во 19 век како Lāṇgalāsana (Лангаласана), што исто така значи положба на рало на санскрит.[3]

Карнапидасана ја нема во средновековните текстови за хата јога. Независно е опишанa во Целосната илустрирана книга за јога на Свами Вишнудевананда од 1960 година во традицијата на Сивананда Јога, и од БКС Ајенгар во неговата Светлина на јогата од 1966 година, што имплицира дека можеби има постаро потекло.[4][3] Името доаѓа од санскритските зборови карна (कर्ण) што значи „уши“, пид (पीड्) што значи „стискање“ и асана (आसन) што значи „држење“ или „седиште“.[5]

Опис[уреди | уреди извор]

Во положбата се влегува од Сарвангасана (стоилка за раменици), благо спуштајќи го грбот за рамнотежа и поместување на рацете и нозете над главата додека испружените прсти не ги допрат земјата и врвовите на прстите, во подготвителна варијанта на положбата. Рацете потоа може да се поместат за да го поддржат грбот во повертикална положба, давајќи втора варијанта положба. Конечно, рацете може да се испружат на земја подалеку од стапалата, давајќи ја последната положба во форма на традиционално рало.[4][6][7][8]

Варијации[уреди | уреди извор]

Карнапидасана, со варијантна положба за раката.

При положбата Карнапидасана (положба на притискање уши) или Раџа Халасана (кралска положба на рало) колената се свиткани блиску до главата и фатени за рацете.[9]

При положбата Парсва Халасана (странично рало) телото е вертикално, трупот е искривен на едната страна, а нозете се исправени при што стапалата ја допираат земјата (на таа страна).[9]

При положбата Супта Конасана (аголна-лежечка положба) нозете се што е можно пошироко раздвоени, прстите се на земја, како превртена Упависта Конасана;[10]врвовите на прстите може да ги дофатат палците.[9]

Сите овие варијации може да се изведат како дел од циклусот почнувајќи од Сарвангасана (положба свеќа).[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Anon (28 август 2007). „Plough Pose“. Yoga Journal.
  2. Sivananda, Swami (јуни 1985). Health and hatha yoga. Divine Life Society. стр. 128. ISBN 978-0-949027-03-0.
  3. 3,0 3,1 Sjoman 1999.
  4. 4,0 4,1 Iyengar 1979.
  5. Sinha, S. C. (1996). Dictionary of Philosophy. Anmol Publications. стр. 18. ISBN 978-81-7041-293-9.
  6. „Halasana“. February 1983: 7. ISSN 0191-0965. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. Robin, Mel (мај 2002). A Physiological Handbook for Teachers of Yogasana. Wheatmark. стр. 516. ISBN 978-1-58736-033-6.
  8. Robin, Mel (2009). A Handbook for Yogasana Teachers: The Incorporation of Neuroscience, Physiology, and Anatomy Into the Practice. Wheatmark. стр. 835. ISBN 978-1-58736-708-3.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Mehta 1990.
  10. „Supta Konasana“. Yogapedia. Посетено на 27 јули 2022.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]