Хакама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Две Мико свештенички носат хакама
(Видео клип) Две студентки кои носат хакама на церемонија на доделување на дипломи, 2015 година

Хакама () е предмет за облекување сличен на панталони кој традиционално се носи во Јапонија.

По потекло се од Кина каде ги носеле на царскиот двор во текот на династијата Суеј и Танг но Јапонците ги прифатиле и почнале да ги носат од 6 век од новата ера. Хакама се врзува околу половината, а нејзините ногавици се долги до глеженот. Се носи преку основното кимоно.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Roces, Mina; Edwards, Louise (2010). The Politics of Dress in Asia and the Americas. Sussex Academic Press. стр. 84. ISBN 978-1-84519-399-7.[мртва врска]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]