Хадија Давлетшина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хадија Давлетшина
Споменик на Хадија Давлетшина пред Бирската филијала на ашкирскиот државен универзитет
Роден/аХадија Лутфуловна Илјасова
5 март 1905(1905-03-05)
Касаново, Болшечерниговски рајон, Самарска област
Починат/а12 мај 1954(1954-05-12) (возр. 49)
Бирск, Башкирска АССР, СССР
Занимањепоет, романсиер, драматург, либретист
ДржавјанствоРуска Империја, СССР
Апсолвент наБашкирски државен универзитет (1934–1937)
Значајни наградиНаграда Салават Јулајев

Хадија Давлетшина (башкирски: Дәүләтшина Һәҙиә Лотфулла ҡыҙы, родена како Хадија Лутфуловна Илјасова, 5 март 19055 декември 1954), била башкирски поет, писател и драматург.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Давлетшина била родена на 5 март 1905 година во селото Касаново во Пугачевската област во провинцијата Самара. Нејзиниот татко се викал Лутфула Илјасов, а нејзината мајка Гулјаохар. Нејзиниот дедо бил селски мула.

Во 1920 година таа работела како учителка во селото Денгизбаево во Самарска провинција и истовремено студирала на Татарско-башкирскиот педагошки колеџ во Самара. Во 1932 година таа ги продожила своите студии на Московскиот институт за подготовка на уредници, а во 1935 – 1937 година студирала на Башкирскиот педагошки институт.

Од 1933 година Давлетшина била дел од литературниот персонал на весникот BASSR Бајмакски регион, заедно со нејзиниот сопруг, писателот Губај Давлетшин, кој последователно станал комесар за образование на Башкирска АССР. Во 1937-1942 година, како сопруга на репресираниот народен комесар за образование на Башкирската АССР, таа била уапсена. Во 1942 година, Давлетшина била ослободена поради болест, а до смртта живеела во егзил во Бирск. Таа починала во 1954 година во Бирск од туберкулоза.

Рани години[уреди | уреди извор]

Основното образование Хадија Илјасова го добила во селска медреса, а потоа во советско училиште. Кога нејзиниот татко починал во 1919 година, таа морала да се грижи за нејзиното семејство и да работи за да нахрани својата глува мајка и нејзините тројца браќа и сестри.

За време на Граѓанската војна во Русија (1918-1920), Хадија станала еден од првите членови на младинска организација Комсомол од нејзината област. Од 15-годишна возраст, Хадија Илјасова почнала да работи како учителка во соседното село Денгизбаево и неколку пати успеала за чудо да побегне од репресалиите организирани од противниците на советскиот режим. Во 1920 година, таа ги започнала своите студии на Татарско-башкирскиот педагошки колеџ во Самара.

Во 1922 година, на 17-годишна возраст, таа се омажила за нејзиниот сонародник Губај Давлетшин кој тогаш работел во Провинцискиот комитет на Самара. Во 1923 година бил роден нивниот син Булат, но момчето било слабо и починало. По него парот немал други деца.

Во овој период таа започнала да учи руски и најпрво се запознала со руските класици. Нејзин омилен писател бил Максим Горки и таа била многу импресионирана од неговиот роман „Мајка", како и другите дела на писателот. Таа во ова време работела во неколку училишта и била учителка во сиропиталиште. Во 1932–33 година, Хадија студирала на Московскиот издавачки институт. Во 1935–37 година, таа била студентка на Факултетот за јазик и литература при Башкирскиот педагошки институт именуван по Климент Тимирјазев (денес познат како Башкирски државен универзитет).

Во 1933 година, со нејзиниот сопруг, Хадија заминала во Бајмачката област на југ од Башкортостан, каде што работела во канцеларијата на регионалниот весник. Во 1934 година, таа учествувала на Првиот конгрес на советските писатели, каде се сретнала со Максим Горки. Во 1935 година се приклучила на Сојузот на писатели на Башкирската Автономна Советска Социјалистичка Република. Во 1936 година, таа била делегат на третиот пленум на писатели на СССР во Минск.

Книжевна кариера[уреди | уреди извор]

Првата приказна на Хадија Давлетшина, „Хиљукаи пионер“, била објавена во 1926 година во весникот „Младоста на Башкортостан“. Во 1931 година таа ја објавила приказната „Ајбика“, што ѝ донела голема слава, особено кога во 1936 година била преведена на руски. Во ова дело за прв пат во башкирската литература длабоко и темелно бил прикажан процесот на формирање на личноста на едноставна башкирска жена по револуцијата во 1917 година, во услови на советска моќ. Во делото, главниот лик Ајбика успеала да се ослободи од традиционалните ограничувања, преку што писателката сакала да даде пример за борбата за правата на жените.[3]

Хадија Давлетшина пишувала често и во голем обем. Нејзините песни, есеи и раскази постојано биле објавувани. Во 1932 година била објавена нејзината приказна „Бранови на уши“, а подоцна и книга со приказни, како и нејзината приказна „Огнени години“.

Секаде каде што живееле семејството Давлетшини, нивната куќа била отворена за пријатели, роднини и други сограѓани на кои им била потребна помош. Тие на многумина им помогнале да најдат место за живеење и да се образоваат. Едно од овие лица, девојчето сираче Фатима Мустафина, подоцна станала министерка за образование во Башкирската Автономна Советска Социјалистичка Република. [4]

За време на раните 1930-ти години, Давлетшина почнала да работи на нејзиниот епски роман Иргиз. Некои извадоци од него биле објавени во периодични списанија. За прв пат во башкирската литература, главниот лик на едно големо дело бил народот. Две децении од животот на башкирскиот народ е прикажан преку широк спектар на општествени и политички настани што се случиле на почетокот на 20-тиот век. Во овој роман, писателката вешто го користи знаењето за начинот на живот на луѓето, ги прикажува шарените ликови и менталитетот на Башкирите.

Инспирацијата од богатото усно фолклорно наследство, колоритноста и богатството на јазикот и епскиот стил го направиле романот класично дело не само за Башкирите, туку и за целата ориентална и турскојазична литература. Говорејќи на Првиот конгрес на писателите на РСФСР во 1958 година, Леонид Соболев изјавил: „Без да се знае романот Иргиз на Хадија Давлетшина, не може да се разбере реалноста на башкирскиот народ“. Казахстанскиот писател Сабит Муканов го опишал нејзиното дело како креативен подвиг. Хадија Давлетшина се смета за првата жена романсиер на Истокот.

Затвор и егзил[уреди | уреди извор]

На писателската дејност на Хадија Давлетшина ѝ била ставен суров крај. Во 1937 година, за врме на периодот кој во историјата на Советскиот Сојуз е познат како период на Големиот терор, нејзиниот сопруг кој во тоа време служел како Народен комесар за образование на БАСР бил уапсен и подоцна застрелан. Тој помогнал многу во развојот на образованието и културата на Башкирската Република. Хадија Давлетшина, како „член на семејството на непријателот на народот“, била осудена на пет години затвор, кои ги поминала во Мордовија.[5] Овде работела со други затвореници и ментално го продолжила својот роман Иргиз. Во овој период нејзината туберкулоза се влошила и во 1942 година, таа била ослободена поради болест. Хадија сакала да се врати во Уфа, но била испратена во егзил во Бирск без право на напуштање.

Во Бирск, Хадија Давлетшина живеела во голема сиромаштија. Не ѝ било дадена работа и строго ѝ било забрането да објавува свои дела и да се занимава со литературна дејност. Во последните години од животот таа работела како чистачка во Бирскиот државниот педагошки институт. На 20 март 1951 година, Хадија Давлетшина напишала писмо до претседателот на одборот на Сојузот на писателите на СССР, Александар Фадеев, во кое таа побарала помош при објавување на нејзиниот роман. Ова писмо било долго шест страници, а на листовите имало дамки од солзите на писателот.

Во Бирск по извесно време Хадија се омажила за Сафин, кој се грижел за неа и успеал малку да ѝ го продолжи нејзиниот живот. Хадија Давлетшина починала на 5 декември 1954 година, пред да биде објавен нејзиниот роман.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Музеј на Хадија Давлетшина во Бирск

Романот „Иргиз“ бил објавен дури во 1957 година. Тој излегол во голем тираж во книгоиздателството на Башкир. Подоцна тој бил преведен на руски и објавен на јазиците на народите на СССР. Во 1985 година, во Башнигоиздат била објавена збирка романи и раскази на писателката Ајбика. Во 2005 година, издавачката куќа „Китап“ објавила том на избрани дела на Хадија Давлетшина.

Во 1967 година, за романот „Иргиз“, писателката постхумно станала првиот лауреат на Републиканската награда на Башкирската Автономна Советска Социјалистичка Република, именуван по Салават Јулајев.

И покрај тешката болест, творештвото на Хадија Давлетшина било обемно, иако не било дозволено нејзините дела да се објавуваат. По нејзината смрт, нејзината мајка Гулијаохар, која била слепа, им ги дала ракописите на Хадија на луѓе кои ветиле дека ќе ги објават. Истрагата се уште не дала никаков резултат.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Првата нејзина приказна „Пионерот Хилукаи“ (башкирски: "Hylyukai-pioneer"Һылыуҡай-пионерка) била објавена во весникот „Башҡортостан йәштәре“ („Младоста на Башкортостан“) во 1926 година;
  • расказот „Ајбика“ („Айбикә“), 1931 година;
  • расказот „Бранови на уши“ („Башаҡтар тулҡыны“), 1932 година;
  • „Збирка раскази“, 1935 година;
  • расказот „Огнени години“ („Ялҡынлы йылдар“), 1933–37 година;
  • романот „Иргиз“ („Ырғыҙ“), напишан во периодот од 1942–1952 година и објавен во 1957 година.

Културно наследство[уреди | уреди извор]

  • Името на Хадија Давлетшина било доделено на булеварот во Уфа, како и на повеќе улици во градовите на Башкортостан.[6]
  • Биле подигнати споменици посветени на Давлетшина во Бирск и Сибај
  • Републиканската награда именувана по Хадија Давлетшина во областа на литературата за деца
  • Г. Шафиков. Хадија (тееатарска претстава)
  • Р. Нурулин. Хадија (полнометражен филм).

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Бисер на Башкортостан [Текст] // Узиков Ју. Имиња на улиците во Уфа. – Уфа: Уфа полиграфски комбинат, 2007 година. -S.72–74.
  • Шакур Р. - Креативниот подвиг на писателот (на 100-годишнината од раѓањето на Кадија Давлетшина) [Текст] / Р. Шакур // Учител од Башкортостан.-2005 година. -Бр3. -Стр.59-60.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Давлетшина Х. Л.“. Архивирано од изворникот на 4 мај 2013. Посетено на 28 мај 2014.
  2. „Hadiya Davletshina, in russian“.
  3. „Hadiya Davletshina.Bashkir Encyclopedia“. Архивирано од изворникот на 24 декември 2019. Посетено на 25 април 2023.
  4. В, Ергин Ю. (15 март 2013). „Фатыма Мустафина – выпускница Башгоспединститута им. К. А. Тимирязева (к 100-летию Ф. Х. Мустафиной)“. Вестник Башкирского университета. 18 (1) – преку cyberleninka.ru.
  5. „Подлинные документы из Следственного "Дела №11753" "Члена семьи изменника Родины" Хадии Давлетшиной“. cyberleninka.ru.
  6. „Бульвар Хадии Давлетшиной - Литературная карта Уфы“. ufalit.ufa-lib.ru.