Хавиер Ернандес

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хавиер Ернандез)
Прејди на: содржини, барај
Мексико Хавиер Ернандес
Javier "Chicharito" Hernandez vs MLS All Stars.jpg
Лични податоци
Роден на 1 јуни 1988
Роден во Гвадалахара, Мексико
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен
Број 7
Младинска кариера
Гвадалахара
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Гвадалахара 64 (26)
2011- Манчестер Јунајтед 68 (31)
2014–2015 Реал Мадрид (позајмица) 23 (7)
2015–2017 Баер Леверкузен 54 (28)
2017 Вест Хем 0 (0)
Репрезентација
2009- Мексико Мексико 96 (48)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Хавиер Ернандез Балказар (шпански изговор: [ xaβjer ernandes]; роден на 1 јуни 1988) е мексикански фудбалер кој игра на позицијата напаѓач за нанглискиот Вест Хем Јунајтед и мексиканскиот национален тим. Ернандез на грбот од дресот го носи својот прекар Чичарито (Chicharito), што во превод значи мал грашок. Тој претходно играл за мексиканскиот клуб Гвадалахара, пред да стане првиот мексикански играч што му се приклучил на Манчестер Јунајтед.

Ернандез го направил своето деби за Мексико во септември 2009 година во натпреварот против Колумбија, тој исто така, настапил и на Светското првенство 2010 во Јужна Африка и КОНКАКАФ Голд Купот 2011. Тој бил најдобар стрелец на Голд купот со 7 гола и бил прогласен за најкорисен играч на турнирот. Тој има направено 33 настапи за Мексико и постигнато 23 гола.

Кратка биографија и раните години од живот[уреди | уреди извор]

Хернандез е роден во Гвадалахара и за првпат играл во рекреативната лига кога имал седум години. Неговиот татко, Хавиер Ернандез Гутиерез, и самиот претходно репрезентативен напаѓач на Мексико, изјавил дека никогаш не помислил дека неговиот син, всушност, ќе го направи тоа како професионалец. Хернандез и се приклучи на Гвадалахара на возраст од девет години и го потпишал својот прв професионален договор кога имал 15 години. Тој бил избран да игра на Светско првенство на ФИФА за играчи под 17 години, но повредата го отстранила од тимот што на крајот го освои шампионатот.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Гвадалахара[уреди | уреди извор]

Ернандез почнал да игра во пониската екипа на Чивас, Chivas Coras во сезоната 2005-06. Тој го направил своето деби за Чивас Гвадалахара во Апертура 2006 во победата над Некакса на Естадио Халиско. При резултат од 3-0, Чичарито влегол како замена за Омар Браво во 82 минута, пред да го постигне четвртиот гол во мечот пет минути подоцна. Тоа бил неговиот единствен гол во седумте настапи во сезоната 2006-07. Тој настапил на уште шест натпревари во сезоната 2007-08 без погодок.

Ернандез настапил десет пати во Апертура 2008 без да постигне гол, но тој постигнал четири гола во петнаесет настапи во Клаусура 2009. Во Апертура 2009, Ернандез го завршил првенството како најдобар стрелец , заедно со уште двајца други играчи со по единаесет гола, во седумнаесетте мечеви во кој настапи. На стартот на првенството 2010 година тој постигнал осум гола на пет натпревари. Тој завршил како заеднички-лидер на листата на стрелците во првенството 2010 година, со десет гола во единаесет меча по пропуштените 5 натпревари поради повреда.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Трансфер[уреди | уреди извор]

Ернандез на своето деби за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед за прв пат беа заинтересирани за Ернандез во октомври 2009 година; Скаутот отиде во Мексико подоцна во декември и изјави дека мислењето му е позитивно по гледањето на неколку меча. Поради возраста на Ернандез, клубот првично планираше да причека пред да потпише со играчот, но неговиот потенцијал и придонесот за националниот тим на Светското првенство беа пресудни во Јунајтед да побрзаат со правење на понудата. Главниот скаут на Јунајтед, Џим Лаулор, беше испратен во Мексико за три недели во фебруари и март за да го прати Ернандез и поднесе уште еден позитивен извештај за него, пред клупскиот адвокат да замине во Мексико да ја финализира документацијата.

На 8 април 2010 година, Ернандез склучи договор и потпиша за Манчестер Јунајтед за непозната сума, а повод за трансферот во овој период беше поднесувањето апликација за работна дозвола. Претходниот ден, Ернандез бил присутен на мечот на Манчестер Јунајтед во четврт-финалето на Лигата на шампионите,кога беше победен Баерн Минхен на Олд Трафорд. Договорот беше спроведен во целосна тајност; агентот на Ернандез беше чуван во темница, како што беше и неговиот дедо Томас Балказар. Како дел од договорот, Јунајтед требаше да одигра пријателски натпревар против Чивас за да го отворат нивниот нов стадион на 30-ти јули. На 27-ми мај, работната дозвола му беше доделена, што му овозможи трансферот да му биде официјализиран на 1 јули.

2010-11 сезона[уреди | уреди извор]

Ернандез во акција за Јунајтед

Ернандез го направи своето деби за Јунајтед на 28 јули, кога влегол како замена во 63-тата минута на местото на Нани во натпреварот против МЛС ол-стар тимот 2010; тој го постигнал својот прв гол за клубот 18 минути подоцна, лобувајќи го голманот Ник Римандо, по долгиот пас на Дарен Флечер. Два дена подоцна, Ернандез постигнал гол против Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар за неговиот стар клуб, Чивас; тој почнал да игра во дресот на Чивас и постигнал гол по само осум минути. Тој ја сменил страната на полувремето, но не бил во можност да го спречи поразот од 3-2 за Манчестер Јунајтед. Тој постигнал гол и во третиот пред-сезонски меч кога тој бил прецизен во победата од 7-1 против Лига на Ирска XI на новоизградениот Авива стадион на 4 август.

Чичарито го направил своето официјално деби на 8 август и веднаш го постигна својот дебитантски погодок во фантастичната победа на Јунајтед во ФА Комјунити Шилд, против актуелниот шампион на Англија во тој момент Челзи од 3-1. Својот првенец го постигнал на почетокот на второто полувреме по пробивот на Антонио Валенсија, каде што Ернандез погодил со глава. На 16 август, Хернандез го направил своето деби во Премиер лигата откако тој го заменил Вејн Руни во 63-тата минута на натпревар дома против Њукасл во првото коло што завршило 3-0 за Јунајтед. Тој го постигнал својот прв гол и во Лигата на шампионите набргу потоа, на 29 септември, кога влегол од клупата за да го постигне единствениот гол во победата на гости против Валенсија од 1-0. Ернандез го постигнал својот прв гол за Јунајтед во лигата во 2-2 ремито дома против Вест Бромвич Албион на 16 октомври. Осум дена подоцна тој запрвпат постигнал два гола на еден меч за новиот клуб, воедно, постигнувајќи ги своите први голови во премиер лигата надвор од Олд Трафорд, помагајќи му на Јунајтед да дојде до 2-1 победа против Стоук Сити.

Два дена од овој меч во кој тој бил херој, тој влегол од клупата за да го постигне победеносниот гол, односно својот прв гол во Лига купот, во победата со 3-2 над Вулвс со што го испратил својот тим во четврт-финалето каде што потоа биле елиминирани од страна на Вест Хем Јунајтед. На 1 јануари 2011 година, тој повторно влегол од клупата за резерви за да постигне уште еден победоносен погодок, овој пат во лигашкиот меч со Вест Бромвич Албион за гостинска победа од 2-1. Три дена подоцна Ернандез станал најефикасниот мексиканец во историјата на Премиерлигата, откако го отвори резултатот во победата над Стоук Сити на 4 јануари со 2-1. На 25 јануари, Ернандез го постигнал изедначувачкиот погодок во камбекот на Јунајтед, за кој придонел и Димитар Бербатов (со два гола) за гостинска победа од 3-2 над Блекпул со пресврт во второто полувреме. Четири дена подоцна го постигнал својот прв гол во ФА Купот кога бил прецизен во 2-1 победата над Саутемптон. Следен меч во кој популарниот Чичарито се впишал во листата на стрелците бил дуелот со Виган во кој тој постигнал два гола, а Манчестер Јунајтед победил со 4-0 на гости. Осум дена подоцна, тој постигнал гол на Енфилд Роуд во последните секунди за да го ублажи поразот од лутиот ривал Ливерпул. Ернандез бил инволвиран со два гола во реванш мечот од нокаут фазата во Лигата на шампионите на домашен терен во победата над Марсеј праќајќи го Јунајтед меѓу осумте најдобри (четврт-финале) во Европа. На 2 април, тој го постигнал последниот гол против Вест Хем Јунајтед, кога црвените ѓаволи дојдоа до пресврт од два гола негатива до 4-2 победа на Аптон Парк што беше голем чекор напред кон рекордната 19-та титула за Манчестер Јунајтед во англискиот фудбал. На 8 април, Чичарито беше селектиран како кандидат за наградата PFA млад играч на годината заедно со соиграчот Нани. Тој го отворил резултатот и во 2-1 реванш четврт-финале победата над Челзи во Лигата на шампионите, но бидејќи вкупниот резултат од двата меча бил 3-1 , Ернандез и неговите соиграчи се пласирале во полуфиналето. Тој ја продолжил својата одлична сезона и импресивна форма, со уште еден важен гол на 23 април во победата дома со 1-0 против Евертон во 81-та минута. И можеби најважниот гол во сезоната за него бил на 8 мај, кога Ернандез го постигнал првиот гол во 2-1 победата дома над Челзи, по само 36 секунди игра тој го отворил резултатот и му го осветли патот на својот тим кон освојувањето на титулата. Голот против Челзи го направи првиот играч по Руд Ван Нистелрој во сезоната 2001-2002 (тогаш тој заврши со 34), успеал да постигне 20 гола за клубот во неговата дебитантска сезона. Ернандез за својата фантастична деби сезона во Манчестер Јунајтед ја добил наградата Сер Мат Базби играч на годината на 18 мај која бил изгласана од страна на навивачите.

На 5 јули 2011 година, Ернандез беше избран за "Светски Голгетер 2011", со 13 гола, пред други играчи како што се Кристијано Роналдо, Џузепе Роси и Лионел Меси.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Чичарито е син на на Хавиер Ернандез Гутиерез, кој играл за мексиканскиот тим Текос и за Мекико на Светското првенство во фудбал 1986. Ернандез е истотака и внук на Томас Балказар кој истотака играл за Гвадалахара и за Мекико, но на Светското првенство 1954. Балказар на тоа првенство во 1954 имал 22 години и постигнал погодок против Франција, додека Хавиер Ернандез на Светското првенство 2010 постигна гол против Франција исто така на 22 години.

Титули[уреди | уреди извор]

Гвадалахара[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Мексико[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]