ХК Фрелунда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хокеарскиот клуб Фрелунда познат како „Фрелунда индијанс[1] е шведски клуб во хокеј на мраз кој се натпреварува во најелитната шведска лига. Тимот има вкупно три национални шампионски титули и тоа во сезоните 1964/65, 2002/03 и 2004/05. Домашните натпревари тимот ги игра во арената „Скандинавиум“ која има капацитет од 12.044 места за седење за хокеарски натпревари. Помошна арена е „Фрелундаборг“ со капацитет од 7.600 места.

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарскиот клуб Фрелунда е формиран на 3 февруари 1938 година како хокеарска секција во рамки на спортското друштво Вестра Фрелунда и под тоа име опстојувал до 1984 година кога хокеарската секција се раздвојува во посебна спортска екипа. Сегашното име клубот го има од 2004 година па сè до денес.

Хокеарскиот клуб на Фрелунда во најголемиот дел од својата историја настапувал во првата шведска лига. Последен пат тимот играл во понизок ранг во сезоната 1994/95. Покрај трите шампионски титули Фрелунда на трипати го има освоено второто место, односно играле во големото финале на доигрувањето (плеј оф). Тоа се сезоните 1979/80, 1995/96 и 2005/06.

До третата титула во сезоната 2004/05 Фрелунда стигнала на многу специфичен начин. Имено во таа сезона во НХЛ Американската лига имало штрајк на играчкиот кадар, па голем број на играчи се активирале да играат во европски клубови. Еден од тие клубови бил и клубот Фрелунда. Поради големите засилувања од НХЛ во таа сезона клубот на доминантен начин се „прошетал“ низ лигата освојувајќи 112 бодови во регуларниот тек. Низ завршниот дел (плеј оф) ги збришал своите противници и тоа :

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Facts“. Frölunda HC. Архивирано од изворникот на 24 May 2006. Посетено на 29 January 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]