ХК Ферјестад

Од Википедија — слободната енциклопедија

ХК Ферјестад претставува  професионален хокеарски тим од градот Карлстад. Натпреварите ги игра во „Лефбергс липа арена“ со капацитет од 8.647 гледачи.

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарскиот клуб на Ферјестад е основан  на 10 ноември 1932 година. Во 1965 година тимот за прв пат се квалификува во втората по ранг лига во хокеј, а во 1975 година за прв пат станува член на првата лига. Од таа година овој тим во континуитет настапува во најсилната шведска хокеарска лига. Девет пати Ферјестад бил шампион на Шведска и тоа во периодот од 1981 до 2011 година.

Бојата на дресовите на клубот се: зелена, бела и златна.

Најголеми ривали на овој клуб се тимовите на Фрелунда, Ѓургарден и ХВ71.

Шампиони на Шведска: 1981, 1986, 1988, 1997, 1998, 2002, 2006, 2009 и 2011 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]