ХК Седертелје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СК Седертелје е професионален шведски клуб во хокеј на мраз. Моментално се натпреварува во втората по квалитет лига за хокеј во Шведска.

Домашните натпревари ги игра во „Седертелје арената“ со капацитет од 6.200 гледачи.

Боите на клубот се: индиго сина, бела и жолта.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е формиран во 1902 година и претставува еден од најстарите шведски клубови во хокеј. Овој клуб има вкупно 7 титули шампион на Шведска, а последната во 1985 година. Тимот на Седертелје официјално со хокеарски натпревари започнал во 1925 година и сè до 2018 година во првата шведска лига имаат одиграно 74 сезони. Според овој параметар претставува еден од најдобрите тимови.[1][2]

Години на освоени титули: 1925; 1930; 1941; 1944; 1953; 1956 и 1987 година.

Во 2011 година екипата испаднала од првата лига и до ден денес игра во втората по квалитет шведска лига.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Historia“ (Swedish). Södertälje SK. Архивирано од изворникот на 2020-04-21. Посетено на 14 February 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Stort grattis SSK 117 år i dag“ (Swedish). Södertälje SK. 22 February 2019. Посетено на 14 February 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]