ХК Модо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хокеарскиот клуб Модо доаѓа од градот Ерншелдсвик во Шведска. Клубот моментално настапува во најсилната шведска лига. Формиран е далечната 1921 година. Бил двапати првак на Шведска во хокеј и тоа во 1979 и 2007 година. Своите домашни натпревари тимот ги игра во арената „Фјелревен центарот“ (поранешна Сведбанк арена) со капацитет од 7.600 места за седење за хокеарски натпревари.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е формиран во 1921 година под името Алфредшемс како спортско друштво. Хокеарската секција започнала со натпревари во 1958 година. Поради промената на спонзорот и финансирањето во 1963 година тимот го менува името во Модо АИК. Клубот во тоа време своите натпревари ги играл во салата „Кемпехален“ сè до 2006 година.

Во 1975 година клубот бил помеѓу десетте клубови кои ја формирале новата лига „Елитесријен“. Во 1979 година клубот ја освојува  првата титула шампион на Шведска по победата во финалето над хокеарски клуб Ѓургарден. Во осумдесетите години на минатиот век клубот на Модо најчесто завршувал во долниот дел на табелата со просечни резултати.

Од 1987 година тимот од своето име го отфрла суфиксот АИК и од таа година се натпреварува под името „Модо“.

Паралелно со сениорскиот тим егзистира и младинскиот тим на Модо од чии редови произлегле неколку одлични играчи како Петер Форсберг и Маркус Неслунд.

Во периодот од 1999 до 2002 година клубот трипати игра во финалето на нациналното првенство на Шведска и сите трипати ги губи натпреварите и не успева да стане шампион на државата.

Во 2006 година тимот на Модо преминува во новата сала наречена „Сведбанк арена“ за чија изградба извесни средства обезбедил некогашниот суперстар на Модо Петер Форсберг. Првата сезона на Модо во новата арена е повеќе од среќна. Имено во сезоната 2006 година тимот во финалето го победува тимот на Линчепинг и станува шампион на Шведска.

Во наредните 8 сезони клубот игра доста лошо и никогаш не успеал да влезе во доигрувањето на првенството и на двапати дури и игра натпревари за опстанок во лигата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Information in English“. Modo Hockey. Архивирано од изворникот на 2009-11-24. Посетено на 2009-12-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]