ХК Линшепинг

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хокеарскиот клуб Линшепинг е професионален тим од градот Линшепинг кој моментално настапува во елитната прва лига на Шведска во хокеј.[1]


Клубот е формиран во 1976 година и во текот на историјата 2 пати има играно во големото финале (го има освоено второто место). Домашните натпревари клубот на Линшепинг ги игра во „Арената СААБ“ која има капацитет од 8.500 гледачи за хокеарски натпревари.Хокеарскиот тим е во состав на спортското друштво Линшепинг во чиј состав се и женскиот одбојкарски и фудбалски тим и машкиот тим во одбојка.

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарскиот клуб Линшепинг е формиран во 1976 година, а во елитната шведска лига за прв пат се натпреварува во сезоната 1999/2000.

Во првата сезона Линшепинг го има освоено последното место и во наредната сезона настапува во втората лига. На експресен начин веќе наредната сезона клубот се враќа во првата лига.

Најголемите клупски успеси се случиле во сезоните 2006/07 и 2007/08 кога тимот играл во финалето за титулата национален првак на Шведска во хокеј. Првиот пат тимот има изгубено од хокеарскиот тим на „Модо“, а вториот пат од тимот на ХВ71. И двата натпревари тимот ги има изгубено со резултат 4:2 во натпревари.

Вкупно 4 пати тимот има играно во полуфиналето од доигрувањето (плеј оф) и тоа сезоната 2012/13 и 2013/14.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Maratontabellen för högsta serien“ (PDF) (шведски). Swedish Ice Hockey Association. Посетено на 25 March 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]