ХК Лександ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хокеарскиот клуб Лександ потекнува од истоимениот град од Шведска и моментално се натпреварува во првата најелитна хокеарска лига на Шведска. Клубот како спортско друштво е формиран во далечната 1919 година и во текот на неговата историја го има освојувано 4 пати државното првенство во хокеј на мраз на својата држава. Домашните натпревари ги игра во „Тегера“ арената со капацитет од 7.650 места за хокеарски натпревари.

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарската секција од клубот Лександ започнува самостојно да функционира во 1938.[1] Првиот официјален натпревар е со екипата на ХК „Море“ и резултатот бил 11:0 во корист на Лександ.

Иако гратчето Лександ има само 6.000 жители на натпреварите на хокеарскиот тим има во просек на секој натпревар повеќе од 6.000 гледачи што го прави овој тим еден од најпопуларните во цела Шведска.

Хокеарскиот клуб Лександ е еден од тимовите кои најдолго настапувал во првата елитна шведска хокеарска лига без прекин. Тоа се случило во годините од 1951 до 2001. Најголемите успеси за тимот се случиле во годините помеѓу 1969 и 1975 година. Во тој период Лександ 4 пати ја има освоено титулата национален првак на Шведска. Во историјата на клубот овој тим има запишано дека играл и 4 пати финале за титулата но не ја освоил, односно завршил како второпласиран.

По реорганизацијата на шведската лига тимот на Лександ 4 пати има завршувано како прв во лигашкиот дел, но во текот на доигрувањето (плеј оф) не успевал да дојде до шампионскиот трофеј.

Конечно во 2001 година клубот на Лександ по една турболентна сезона испаднал во понизок ранг на натпревари. Таму се натпреварувал десетина сезони, кога конечно во сезоната 2012/13 година успева да го освои првото место во втората шведска лига и второто место во кавалификациите. На тој начин хокеарскиот тим на Лександ се враќа во елитата каде се наоѓа и во моментов.

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски успеси:

  •      4 пати шампион на Шведска 1969; 1973; 1974 и 1975 година.
  •        5 пати финалист (второ место) 1959; 1964; 1971; 1972 и 1989 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Historia“. Leksands IF (шведски). Посетено на 3 September 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Leksands IF – службено мрежно место