ХК Еребру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Натпревар од 2014

Хокеарски клуб Еребру е професионален хокеарски тим од градот Еребру, Шведска. Настапува во најсилната хокеарска лига на Шведска. Клубот е формиран во 1990 година. Најголемиот успех клубот го има постигнато во сезоната 2012/13 година кога успеал да влезе во првата најелитна хокеарска лига. Домашните натпревари тимот ги игра во арената „Бехрн арена“. Оваа арена за хокеарски натпревари има капацитет од 5.200 места за седење.

Историја[уреди | уреди извор]

Хокеарскиот клуб Еребру ИК банкротирал во 1999 година. Неговите играчи преминале во вториот по важност клуб од истиот град. По кратко време бил формиран или рестартиран сегашниот клуб на Еребру. Во таква состојба клубот требало да се врати во најнискиот ранг на натпревари. Во 2001 година клубот успеал да влезе во втората шведска лига, а во 2013 година да се врати во првата лига.[1]

Најголемиот клупски успех Еребру го има постигнато во годината кога успеал да влезе во првата лига. Овој успех е значаен бидејќи вкупно 34 години настапувал во пониските нивоа на натпреварувања.

Во првата сезона во првата лига хокеарскиот клуб Еребру го освоил 11тото место или претпоследно во лигата, па морал да игра натпревар од плеј аут за да може да го задржи статусот во првата лига.

Повлечен дрес за големи заслуги и постигнувања во клубот: Бјерн Јохансон (Шведска, број 13)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „1990-2005 – En ny förening tar sin form“ (Swedish). Örebro HK. Архивирано од изворникот на 27 March 2014. Посетено на 15 July 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]