ХЕ „Луково Поле“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

ХЕ „Луково Поле“ треба да го зголеми уделот на обновливата енергија во вкупното производство на струја во Македонија. Според хидролошките анализи, ќе се обезбедат дополнителни 160 гигават-часа електрична енергија на годишно ниво. Главниот дел на зголеменото производство од ХЕ „Луково Поле“ ќе се реализира преку постојните мавровски централи ХЕЦ „Вруток“, ХЕЦ „Равен“ и ХЕЦ „Врбен“, а помал дел преку новата ХЕЦ „Црн Камен“, која е предвидена дополнително да се изгради во рамки на овој проект.

Акумулацијата „Луково Поле“ ќе биде со волумен од 39 милиони метри кубни и ќе е лоцирана во планинскиот масив на Кораб, во строго заштитената зона на Националниот парк „Маврово“. Вклучува и изградба на 20 километри долг канал со два тунела, а на околу три километри низводно од браната се предвидува и изградба на мала хидроелектрана „Црн Камен“ со можност од 5 MW.

Кон средината на април 2011 година, ЕЛЕМ и Светска банка склучија договор за заем во износ од 2,24 милиони евра, наменети за реализација на активностите што ќе се одвиваат пред почетокот на изградбата на ХЕ „Луково Поле“.[1]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. 2011.08.25 Заживува проектот ХЕЦ „Луково Поле“ utrinski.com.mk