Риека

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фјуме)
Риека
Rijeka
Città di Fiume
Rijeka
Знаме на Риека
Земја Хрватска
ЖупанијаПриморско-горска
Управа
 • ГрадоначалникВојко Оберснел (СДП)
Површина
 • Градска44 км2 (17 ми2)
 • Градска825 км2 (319 ми2)
 • Метро1.665 км2 (643 ми2)
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
}}
0–499 м
Население (2011.)[1]
 • Градско128.624
 • Густина2.923/км2 (7,570/ми2)
 • Градскo213.666
 • Градска259/км2 (670/ми2)
 • Метро245.054
 • Метро147/км2 (380/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.51000
Повик. бр.051
Рег. таб.RI
Светец-заштитникСв. Вид
Мреж. местоrijeka.hr

Риека (хрватски: Rijeka, на други дијалекти: Rika и Reka, словенечки: Reka) или Фјуме (италијански: Fiume, унгарски: Fiume, германски: Sankt Veit am Pflaum) — трет по големина град во Хрватска и седиште на Приморско-горската Жупанија. Во Риека живеат 128.624 жители.[1]. Со околината која го опфаќа просторот од поранешната општина Риека со општините Вишково, Чавле, Клана, Јелење и Кострена, и градовите Кастав, Краљевица и Бакар, додека во поширокото подрачје на градот живеат 245.054 жители (2011).

Градот уште во 19 век поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во Ријечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, се развил во едно од најголемите средноевропски пристаништа и моќно индустриско средиште. Денес Риека е најголемо морско пристаниште во Хрватска. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „3 Мај“ и „Виктор Ленац“. Риека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна Југославија.

Во Риека се наоѓа Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц изграден во 1885 година и универзитетот во Риека, основан во 1973 година.

Природна основа[уреди | уреди извор]

Ријечкиот залив со Опатија и Риека во позадина

Широкото подрачје на Риека е изградено од варовник со мезозојска старост, додека пак во северниот дел околу Кастав се наоѓаат зони изградени од доломит. Местимично преку варовничките основи се наталожени непропусни наслаги од флиш со палеогенска старост, кои најчесто се наоѓаат во удолнините. Па така во релјефот на подрачјето постои размена на варовнички гребени со доломитски или флишни удолнини.

Географија[уреди | уреди извор]

Риека се наоѓа на 45°21′0″N, 14°26′0″E , во западниот дел на Хрватска, 186 км југозападно од главниот град на Хрватска, Загреб, на северното крајбрежје на Риечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, кое како голем залив во Средоземното Море најдлабоко се вовлкол во европското копно. Риечкиот залив, кој преку Големите (помеѓу Истра и островот Црес), Средните (помеѓу Црес и островот Крк) и Малите врати (помеѓу Крк и копното) е споен со Кварнерскиот Залив, е доволно длабок (око 60 m) за слободно движење на најголемите бродови, што и овозможило на Риека да стане важно морско пристаниште.

Градот Риека лежи на устието на реката Риечина во микрорегијата Винодол на Хрватското приморје. Во Риека започнуваат два важни копнени прометни правци. Првиот го користи фактот што Риека се наоѓа во подрачјето во кое Динаридите се најтесни и најцврсти, што овозможува лесно поврзување на крајбрежјето на Јадранското Море и панонските внатрешности. Додека пак со другиот правец Риека преку Постојниските врати е поврзана со источноалпските простори.

Клима[уреди | уреди извор]

Според Кепеновата класификација на климата, Риека има умерено топла и влажна клима (тип Cf). Просечната температура на воздухот во градот изнесува 13,8 °C, просечната јануарска температура е 5,6 °C, додека просечната температура во јули изнесува 23,3 °C. Годишно во 86 дена со врнежи вкупно паѓаат 1529 мм врнежи од дожд. На количината на врнежи од дожд и нивната годишна распределба исклучително вилјаат есенските и пролетните циклони кои настанале во Џеневскиот Залив. Заедно со сењската, на Јадранот позната е и риечката бура, ладен и сув ветар од правец североисток, чија брзина на моменти достигнува и до орканска вредност (160 км/ч), а најчесто настанува во ладните делови од годината со прелив на ладен воздух од Панонската низина преку Динаридите.

Месец
јануари
февруари
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
декември
Годишно
Просечна дневна температура (°C) 5,6 6,1 8,7 12,4 17 20,6 23,3 23,3 19,1 14,5 10 6,9
14,3
Просечна количина на врнежи од дожд (mm) 133,7 109,3 105,9 114,4 99,3 104,7 79,6 97,8 166,1 180,5 181,8 155,9
1529
Извор: Државен Хидрометеоролошки завод на Хрватска
Риека
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&10000000000000132000000132
 
&1000000000000002000000020
&09999999999999988999999−11
 
 
&10000000000000113000000113
 
&1000000000000002100000021
&09999999999999986999999−13
 
 
&10000000000000105000000105
 
&1000000000000002400000024
&09999999999999991999999−8
 
 
&10000000000000114000000114
 
&1000000000000002700000027
&100000000000000000000000
 
 
&10000000000000103000000103
 
&1000000000000003200000032
&100000000000000020000002
 
 
&10000000000000104000000104
 
&1000000000000003700000037
&100000000000000070000007
 
 
&1000000000000007800000078
 
&1000000000000004000000040
&1000000000000001000000010
 
 
&10000000000000101000000101
 
&1000000000000003800000038
&100000000000000090000009
 
 
&10000000000000167000000167
 
&1000000000000003500000035
&100000000000000050000005
 
 
&10000000000000179000000179
 
&1000000000000002900000029
&100000000000000010000001
 
 
&10000000000000182000000182
 
&1000000000000002600000026
&09999999999999994999999−5
 
 
&10000000000000153000000153
 
&1000000000000002000000020
&09999999999999990999999−9
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм
Извор: Државни хидрометеоролошки завод Хрватске


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Риека“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Службени портали на градот[уреди | уреди извор]

Информативни содржини[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Музеји[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Мапи[уреди | уреди извор]

Останати врски[уреди | уреди извор]