Фурка (предење)
Изглед
Фурка[1] или урка[2] – дрвен алат кој се користел при рачно предење на која се зацврстувало преденото (од волна, коноп, лен). Извлекувајќи со прстите мал дел од предивото кое за завртувало со влажење со плунка и се намотувало на вретеното, се создавала текстилна нишка. Кога се предело одејќи, фурката се ставала на појас на левиот колк, со левата рака се извлекувало предиво, а со десната се вртело вретеното. Кога се предело со седење, фурката се држела под левата мишка, се зацврстувала на рамката на креветот и сл., а со изумот на роданот, станала негов составен дел.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „фурка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „урка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Preslica на семрежното место на Хрватска енциклопедија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|