Фумихико Маки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фумихико Маки
Fumihiko Maki 2010 alt.jpg
Маки во Медија лаб на МИТ во март 2010 година
Роден(а)6 септември 1928 (1928-09-06) (93 г.)
Токио, Јапонија
НационалностЈапонец
УстановаТокиски универзитет (додипломец по архитектура, 1952)
Кренбрукова ликовна академија (магистер по архитектура, 1953)
Дипломски дизајнерски факултет, Харвардски универзитет (магистер по архитектура, 1954)
НаградиПрицкерова награда
Златен медал на АИА
АтелјеМаки и соработници
ЗданијаЦентар за уметности Јерба Буена, Ликовен музеј Милдред Лејн Кемпер, Светски трговски центар 4
ПроектиПроширување на седиште на Обединетите нации во Менхетен.

Фумихико Маки (槇 文彦, Маки Фумихико, роден 6 септември 1928) ― јапонски архитект кој предава на кампусот Шонан Фуџисава при Кеиоскиот универзитет. Во 1993 година, тој ја примил Прицкеровата награда за неговиот труд, кој честопати истражувал пионерски употреби на нови материјали и ги спојува културите на Истокот и Западот.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Маки бил роден во Токио. Откако студирал на Токискиот универзитетот и дипломирал како додипломец по архитектура во 1952 година,[2] се преселил во Академијата за уметност Кранбрук во Блумфилд Хилс, Мичиген, дипломирајќи магистрирал во 1953 година. Потоа студирал на харвардскиот Дипломски факултет за дизајн, дипломирајќи како магистер по архитектура во 1954 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1956 година, тој зазел функција како доцент по архитектура на Вашингтоновиот универзитет во Сент Луис, каде исто така бил награден со неговата прва задача: дизајнот на Стајнберговата сала (ликовен центар) на универзитетскиот кампус Данфорт. Оваа зграда останала единствениот завршен труд во Соединетите Држави сè до 1993 година, кога ја завршил зградата на Центарот за уметности Јерба Буена во Сан Франциско.[3] Во 2006 година, тој се вратил на Вашингтоновиот универзитет во Сент Луис за да го дизајнира новиот дом за Ликовниот музеј Милдред Лејн Кемпер и Вокеровата сала.

Во 1960 година се вратил во Јапонија за да помогне во создавањето на групата метаболизам. Тој работел за „Skidmore, Owings & Merrill“ во Њујорк и за „Серт Џексон и соработници“ во Кембриџ, Масачусетс и го основал „Маки и соработници“ во 1965 година.

Во 2006 година, тој бил поканет да се приклучи на судиската комисија за меѓународен натпревар за дизајн за новите Градини во заливот во Сингапур. Маки дизајнирал проширена зграда на Медија лаб на МИТ во Кембриџ, Масачусетс, која била завршена во 2009 година.[4]

По завршувањето на проширувањето во вредност од 300 милиони долари, на седиштето на Обединетите нации во Менхетен, Маки ја дизајнирал Кулата 4 на поранешното место на Светскиот трговски центар што била отворена во 2013 година. И покрај тоа што го критикува својот проект на улицата Астор Плејс 51 како „надвор од ред“, списанието „New York“ ја нарекла Кула 4 „прилично деликатна“.[5]

Маки ќе го дизајнира лондонскиот кампус на Ага Кановиот универзите заедно со културен центар како дел од проектот за развој на Кингс Крос. Овие ќе бидат првите европски проекти на Маки и ќе ги претставуваат третиот и четвртиот проект Ага Кан за Маки, кој исто така ги дизајнирал Делегацијата на Исмаилскиот имамат во Отава и Ага Кановиот музеј во Торонто.[6] Тој исто така бил назначен од фондацијата Соња и Рајнхард Ернст да го дизајнира Рајнхард Ернстовиот музеј во Визбаден, Германија, за да ја прикаже збирката по апстрактна уметност на фондацијата.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Part Laureates: Fumihiko Maki“. PritzkerPrize.com. Посетено на 24 јуни 2021.
  2. „Biography: Fumihiko Maki | The Pritzker Architecture Prize“. www.pritzkerprize.com. Посетено на 24 јуни 2021.
  3. „Fumihiko Maki - Pritzker Architecture Prize Laureate - 1993“. PritzkerPrize.com. Архивирано од изворникот на 5 јуни 2008.
  4. „Media Lab and SA+P Extension“. MIT Facilities. Посетено на 24 јуни 2021.
  5. „The Approval Matrix“. New York (списание). 4 ноември 2013. Посетено на 24 јуни 2021.
  6. „Japan's Fumihiko Maki to design Aga Khan university in London“. Architect Journal. Посетено на 24 јуни 2021.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]