Фудбалски куп на Италија 2017-2018 (завршна фаза)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија дава подетален преглед на натпреварите од завршната фаза на изданието 2017-2018 на Купот на Италија во фудбал.

Дати[уреди | уреди извор]

Фаза Рунда Прв натпревар Втор натпревар
Завршна фаза Осминафинале 12-13-14-19-20 декември 2017
Четвртфинале 26-27 декември 2017, 2-3 јануари 2018
Полуфинале 30-31 јануари 2018 28 февруари 2018
Финале 9 мај 2018

Екипи[уреди | уреди извор]

Легенда
Финалисти на Купот на Италија 2017-2018
Полуфиналисти
Елиминирани во четвртфинале
Елиминирани во осминафинале
Екипа Ранг
Јувентус Јувентус 1
Лацио Лацио 2
Милан Милан 3
Наполи Наполи 4
Аталанта Аталанта 5
Интер Интер 6
Фјорентина Фјорентина 7
Рома Рома 8
Екипа Ранг
Торино Торино 9
Сампдорија Сампдорија 10
Сасуоло Сасуоло 12
Удинезе Удинезе 13
Џенова Џенова 16
Верона Верона 19
Читадела Читадела 26
Порденоне Порденоне 43

Ждреб[уреди | уреди извор]

  Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                                 
 Наполи Наполи 1  
 Удинезе Удинезе 0  
   Наполи Наполи 1  
   Аталанта Аталанта 2  
 Аталанта Аталанта 2
 Сасуоло Сасуоло 1  
   Аталанта Аталанта 0 0 0  
   Јувентус Јувентус 1 1 2  
 Јувентус Јувентус 2  
 Џенова Џенова 0  
   Јувентус Јувентус 2
   Торино Торино 0  
 Рома Рома 1
 Торино Торино 2  
   Јувентус Јувентус 4
   Милан Милан 0
 Милан Милан 3  
 Верона Верона 0  
   Милан Милан (прод.) 1
   Интер Интер 0  
 Интер Интер (пен.)  0 (5) 
 Порденоне Порденоне 0 (4)  
   Милан Милан (пен.) 0 0  0 (5) 
   Лацио Лацио 0 0 0 (4)  
 Лацио Лацио 4  
 Читадела Читадела 1  
   Лацио Лацио 1
   Фјорентина Фјорентина 0  
 Фјорентина Фјорентина 3
 Сампдорија Сампдорија 2  

Осминафинале[уреди | уреди извор]

Осминафиналните натпревари се одиграле од 12 до 20 декември 2017.

Резултати[уреди | уреди извор]

Тим 1  Резултат  Тим 2
Јувентус Јувентус 2 - 0 Џенова Џенова
Рома Рома 1 - 2 Торино Торино
Аталанта Аталанта 2 - 1 Сасуоло Сасуоло
Наполи Наполи 1 - 0 Удинезе Удинезе
Милан Милан 3 - 0 Верона Верона
Интер Интер 0 - 0(5-4 пен.) Порденоне Порденоне
Фјорентина Фјорентина 3 - 2 Сампдорија Сампдорија
Лацио Лацио 4 - 1 Читадела Читадела

Натпревари[уреди | уреди извор]








Четвртфинале[уреди | уреди извор]

Натпреварите се одиграле на 26 декември 2017 до 3 јануари 2018.

Резултати[уреди | уреди извор]

Тим 1  Резултат  Тим 2
Јувентус Јувентус 2 - 0 Торино Торино
Наполи Наполи 1 - 2 Аталанта Аталанта
Милан Милан 1 - 0(прод.) Интер Интер
Лацио Лацио 1 - 0 Фјорентина Фјорентина

Натпревари[уреди | уреди извор]




Полуфинале[уреди | уреди извор]

Натпреварите се одиграле на 30 и 31 јануари (први натпревари), и 28 февруари 2018 (реваншите).

Резултати[уреди | уреди извор]

Тим 1  Вкупен резултат   Тим 2   1 натпревар     2 натпревар  
Аталанта Аталанта 0 - 2 Јувентус Јувентус 0 - 1 0 - 1
Милан Милан 0 - 0(5-4 пен.) Лацио Лацио 0 - 0 0 - 0(прод.)

Натпревари[уреди | уреди извор]

Први натпревари[уреди | уреди извор]


Втори натпревари[уреди | уреди извор]


Финале[уреди | уреди извор]

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Во финалето на Купот на Италија 2017-2018 се пласирале екипите на Јувентус и Милан. Финалето се одиграло на 9 мај 2018, на стадионот Олимпико во Рим со почеток од 21:00 часот.

Откако во првото полувреме не бил виден ниту еден погодок, резултатот бил отворен после 11 минути од продолжението: бранителот на титулата Јувентус, прв го нанел својот удар кога по корнерот на Миралем Пјаниќ, најдобро во шеснаесеттникот на Милан се снашол дефанзивецот Меди Бенатија, кој со глава ја пратил топката во мрежата на росонерите. Се чини дека тоа бил одлучувачкиот момент во финалето, бидејќи само пет минути подоцна преку Даглас Коста бјанконерите постигнале уште еден гол за водство од 2-0. Ударот на бразилецот од 18-метри бил во опсегот на голманот на Милан, Џанлујџи Донарума, кој не изреагирал добро при ударот и ја одбил топката во сопствената мрежа. Само три минути подоцна нова грешка на Донарума и нов гол за Јуве; ударот со глава на Марио Манџукиќ во прв момент го одбранил Донарума, но потоа топката му испаднала од рацете а од непосредна близина до голот тоа го искористил Бенатија, за да го постигне својот втор гол и да ја зголеми предноста на Јувентус на три гола. Конечните 4-0 за Јувентус, биле поставени во 76-тата минута и тоа повторно по корнер од левата страна кој го извел Пјаниќ (двата гола на Бенатија претходно бил постигнати по корнери од оваа страна кој ги извел босанско-херцеговскиот играч), но овојпат наместо играч на Јувентус со топката играл напаѓачот на Милан, Никола Калиниќ, кој си постигнал автогол.

Победата на Јувентус со 4-0, била највисоката победа во финалето на Купот на Италија откако натпреварите повторно се играат во еден натпревар (од сезоната 2007-2008). Воедно, победа со четири гола разлика, претставува и најубедливата победа во историјата на финалињата на Купот на Италија (играни во еден натпревар), а истата со овој натпревар се повторила по четврти пат: по Торино-Алесандрија 5-1 (1936), Торино-Венеција 4-0 (1943) и Наполи-Верона 4-0 (1976).

Детали од натпреварот[уреди | уреди извор]

Јувентус[1]
Милан[1]
GK 1 Италија Џанлујџи Буфон
RB 7 Колумбија Хуан Квадрадо
CB 15 Италија Андреја Барцаљи
CB 4 Мароко Меди Бенатија
LB 22 Гана Квадво Асамоа
CM 6 Германија Сами Хедира
CM 5 Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ заменет 87'
CM 14 Франција Блез Матуиди
RW 10 Аргентина Пауло Дибала заменет 83'
LW 11 Бразил Даглас Коста добил жолт картон во 62-рата минута 62' заменет 73'
CF 17 Хрватска Марио Манџукиќ
Резерви:
GK 16 Италија Карло Пинсољо
GK 23 Полска Војќех Шченсни
DF 2 Италија Матија Де Шиљо
DF 12 Бразил Алекс Сандро
DF 21 Германија Бенедикт Хеведес
DF 24 Италија Даниеле Ругани
DF 26 Швајцарија Стефан Лихтштајнер
MF 8 Италија Клаудио Маркизио влегол во игра 87'
MF 27 Италија Стефано Стураро
MF 30 Уругвај Родриго Бентанкур
FW 9 Аргентина Гонсало Игуаин влегол во игра 83'
FW 33 Италија Федерико Бернардески влегол во игра 73'
Тренер:
Италија Масимилијано Алегри
GK 99 Италија Џанлујџи Донарума
RB 2 Италија Давиде Калабрија добил жолт картон во 73-тата минута 73'
CB 19 Италија Леонардо Бонучи
CB 13 Италија Алесио Ромањоли
LB 68 Швајцарија Рикардо Родригес
CM 79 Брег на Слоновата Коска Франк Кесие
CM 73 Италија Мануел Локатели заменет 80'
CM 5 Италија Џакомо Бонавентура
RW 8 Шпанија Сусо заменет 67'
CF 63 Италија Патрик Кутроне заменет 62'
LW 10 Турција Хакан Чалханоглу
Резерви:
GK 30 Италија Марко Сторари
GK 90 Италија Антонио Донарума
DF 17 Колумбија Кристијан Сапата
DF 20 Италија Игнацио Абате
DF 22 Аргентина Матео Мусакио
DF 31 Италија Лука Антонели
MF 4 Италија Хосе Маури
MF 18 Италија Рикардо Монтоливо влегол во игра 80'
MF 21 Аргентина Лукас Биља
FW 7 Хрватска Никола Калиниќ влегол во игра 62'
FW 9 Португалија Андре Силва
FW 11 Италија Фабио Борини влегол во игра 67'
Тренер:
Италија Џенаро Гатузо

Помошни судии:
Рикардо Ди Фјоре
Џулио Добош
Четврти судија:
Марко Гвида
Video assistant referee:
Масимилијано Ирати
Помошен video assistant referee:
Џанлука Вуото

Правила на натпреварот[2]

  • 90 минути.
  • 30 минути продолженија ако е потребно.
  • Изведување пенали ако резултатот е нерешен.
  • Најмногу дванаесет замени се дозволени, од кои три можат да бидат искористени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Report Statistiche – TIM Cup 2017–2018 – Finale: Juventus-Milan“ [Statistical report – TIM Cup 2017–2018 – Final: Juventus v Milan]. legaseriea.it (италијански). Lega Serie A. 9 May 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-10-16. Посетено на 9 May 2018.
  2. „Regolamento Coppa Italia 2015–2018“ [Coppa Italia regulations 2015–2018] (PDF). legaseriea.it (италијански). Lega Serie A. 19 February 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-11-22. Посетено на 9 May 2018.

Поврзано[уреди | уреди извор]