Фудбалска репрезентација на Сомалија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фудбалска репрезентација на Сомалија
Прекари(и)Океански ѕвезди
СојузСомалиска фудбалска федерација
КонфедерацијаКАФ (Африка)
СелекторПитер де Јонг
Најмногу натпревариЈасин Али Егал (19)
Најдобар стрелецАбдулахи Шеик Мохамед (3)
Домашен стадионСтадион Могадишу
Домашни бои
Гостински бои
Сеарапски игри
Учества1 (Прво во1985)
Најдобар резултат7.

Фудбалската репрезентација на Сомалија (сомалиски: Kooxda Qaranka Soomaaliya, арапски : الاتحاد الصومالي لكرة القدم), со прекар Океанските ѕвезди, ја претставува Сомалија во меѓународниот фудбал и е контролирана од Сомалиската фудбалска федерација (СФФ), членка на Конфедерацијата на Африканскиот фудбал (КАФ). Првиот капитен на репрезентацијата на Сомалија бил г-дин Мохамед Шанголе, додека нејзиниот капитен со најдолг стаж бил Хасан Бабај.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите сомалиски фудбалски екипи биле создавани во 1940-тите. Натпреварувањата биле основни по структура и биле поврзани со противколонијалното движење. Сомалиската младинска лига (СМЛ), првата политичка партија во нацијата, составила екипа од месна младина за да игра против италијанските иселенички тимови. Фудбалскиот тим што го собрала СМЛ, кој подоцна ќе го смени своето име во Бондере, победила на првите неколку натпревари. Во 1951 година била основана Сомалиската фудбалска федерација (СФФ). Првиот сомалиски комесар за спорт бил основан подоцна во 1958 година.

Иако фудбалската репрезентација на Сомалија учествувала во прелиминарните натпревари, таа никогаш не обезбедила пласман за финалната фаза на Светското првенство. Многу години по избувнувањето на граѓанската војна во раните 1990-ти, игрите санкционирани од ФИФА не можеле да бидат играни во земјата. Квалификациските натпревари за Африканскиот куп на нации и Светското првенство наместо тоа биле играни надвор од дома. Сепак, по смирувањето на главниот град Могадишу во 2011 година, СФФ ги започнала подготовките за првиот голем спортски настан што бил одржан после години, на стадионот Могадишу, во декември 2012 година.

Пред 2019 година, фудбалскиот сојуз на Сомалија одлучил дека ќе ги признае сите нивни млади и претстојни младински таленти и ќе спроведе месни испитувања за да ги зајакне и олимписките и националните фудбалски тимови.

Покрај тоа, многумина од сомалиската дијаспора во минатото произведувале квалитетни фудбалери како Ислам Феруз и Мухтар Али.

На 5 септември 2019 година, Сомалија победила на својот прв квалификациски натпревар после 1984 година (против Кенија - квалификации на АФКОН) и нивниот прв квалификациски натпревар за Светското првенство, победувајќи го Зимбабве со 1–0.[1] Тие речиси напреднале во второто коло, но загубиле со 3-1 во Зимбабве по два задоцнети гола за воините, со што Океанските ѕвезди било предвремено излегување.

Тимска слика[уреди | уреди извор]

Спортска опрема и грб[уреди | уреди извор]

Добавувач Период
Германија Adidas 2015–2021
Сомалија А2З Sports 2021-до денес

Од 1970-тите до 1990-тите, фудбалската репрезентација на Сомалија носеla цврсти небесно сини маици и чорапи со бели шорцеви за домашните дресови и обратно како гостински дресови,[2] двете основни бои на сомалиските национални знамиња, во 2010-тите до денес, националниот тим сега ги заменил цврстите небесно сини кошули за кошули со вертикално сини и бели пруги.

Грбот на репрезентацијата на Сомалија порано бил Грбот на Сомалија, но сега е заменет со грбот на Сомалиската фудбалска федерација. Океанските ѕвезди ги играат своите домашни натпревари на Стадионот Могадишу. Додека стадионот бил реконструиран, националниот тим играл натпревари на Стадионот Инженер Јарисоу, кој е второстепен стадион во Могадишу за спортски настани.

Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
Дизајнот на домашниот дрес на Сомалија од 1970-тите до 1990-тите
Team colours Team colours Team colours
Team colours
Team colours
Дизајнот на гостинскиот дрес на Сомалија од 1970-тите до 1990-тите

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „World Cup qualifying: Somalia national team's history-making driving instructor“. BBC News. 8 септември 2019. Посетено на 5 мај 2022.
  2. „Somalia vs Yemen PDR for Arab Cup Qualification 1985 (Arabic)“. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]