Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Мексико

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мексико
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)El Tricolor
СојузФудбалска федерација на Мексико (ФМФ)
КонфедерацијаКОНКАКАФ (Северна Америка)
СелекторХавиер Агире
КапитенЕдсон Алварес
Најмногу настапиАндрес Гуадрадо (180)
Најдобар стрелецХавиер Ернандес (52)
Домашен стадионАцтека
ФИФА кодMEX
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално19 (декември 2024)
Највисок4 (фев.-јуни 1998, авг. 2003, апр. 2004, јуни 2004, мај-јуни 2006)
Најнизок40 (јули 2015)
Прв меѓународен натпревар
 Мексико 2–1 Гватемала 
(Мексико, Мексико; 9 декември 1923)
Најголема победа
 Мексико 13–0 Бахами 
(Толука, Мексико; 28 април 1987)
Најлош пораз
 Англија 8–0 Мексико 
(Лондон, Англија; 10 мај 1961)
Светско првенство
Учества17 (првпат во 1930)
Најдобар резултатЧетвртфинале (1970, 1986)
КОНКАКАФ првенство/Голд куп
Учества25 (Првпат во 1963)
Најдобар резултатШампион (1965, 1971, 1977, 1993, 1996, 1998, 2003, 2009, 2011, 2015, 2019, 2023)
КОНКАКАФ Лига на нации
Учества3 (Прво во 2021)
Најдобар резултатФиналист (2021, 2024)
Куп на Конфедерации
Учества7 (Прво во 1995)
Најдобар резултатШампион (1999)

Фудбалската репрезентација на Мексико го претставува Мексико на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Мексико. Таа е членка на ФИФА ​​од 1929 година и се натпреварува како член на КОНКАКАФ конфедерацијатата од 1961 година, како еден од нејзините основачки членови. Од 1946 до 1961 година, таа била член на НАФК, која била конфедерација претходник на КОНКАКАФ и управното тело на фудбалот во Северна Америка во тој период, а исто така била член и на ПФК, обид за обединета конфедерација на Америка.

Досега, Мексико се квалификувал на седумнаесет Светски првенства и се квалификувал на секое последователно од 1994 година, што го прави една од само шестте земји што успеале да го сторат тоа.[1] Мексико, исто така, го одиграле првиот натпревар во историјата на Мундијалите на 13 јули 1930 година, губејќи со 4-1 од Франција на отворањето на првото првенство. Најдобриот пласман на Светските првенства на Мексико е четвртфиналето до кое стигнале во 1970 и на 1986 година, и на двете како домаќин. Тие, исто така, ќе бидат домаќини, по трет пат, на Светското првенство 2026.

Мексико е историски најуспешната репрезентација во својата конфедерација, освојувајќи 13 континентални титули на КОНКАКАФ, во кои се вбројуваат 12 КОНКАКАФ првенства/КОНКАКАФ Голд купа и еден КОНКАКАФ куп. Исто така, двапати го освоиле НАФК првенството, еден Куп на северноамериканските нации и два златни медали на игрите на Централна Америка и Карибите. Таа е една од осумте репрезентации[б 1] кои освоиле две од трите најважни светски фудбалски натпреварувања кои се признати и одобрени од ФИФА (Светско првенство, Куп на конфедерации и Олимпискиот фудбалски турнир), откако го освоиле Купот на конфедерации 1999[2] и Олимпискиот турнир во 2012 година.

Иако Мексико е под јурисдикција на КОНКАКАФ, репрезентацијата била поканета во 1993 година да учествува на Копа Америка, кое е главното континентално натпреварување на КОНМЕБОЛ (конфедерацијата на Јужна Америка), и оттогаш редовно учествуваат. На Копа Америка освоиле две втори места (1993 и 2001) и уште три пати го освоиле третото место.

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Фудбалот во Мексико првпат бил организиран на почетокот на 20 век од европски имигрантски групи, особено рудари од Корнвол, Англија, а во подоцнежните години и од прогонети шпанци кои бегале од Шпанската граѓанска војна.

Првиот натпревар на репрезентацијата бил одигран на 9 декември 1923 година, на Parque España во Мексико Сити, победувајќи ја Гватемала со 2–1, што бил првиот натпревар од серијата меѓународни пријателски натпревари одиграни против Гватемала. Вториот натпревар одигран на 12 декември го добил Мексико со 2–0, а последниот натпревар од серијата, одигран на 16 декември, завршил нерешено 3–3.[3] Селектор на овој тим бил Рафаел Гарса Гутиерес.[3]

Поминале уште четири години пред репрезентацијата да одигра некој друг меѓународен пријателски натпревар. Мексико се соочил со Шпанија, ремизирајќи 3–3 на 19 јуни 1927 година. За време на оваа серија, тимот играл и против клубови како Насионал Монтевидео, од кого загубиле со 1–3.[4]

Формирање и првите настапи на меѓународни натпреварувања

[уреди | уреди извор]

Во 1927 година, било основано првото официјално владејачко тело во Мексико. Олимписки фудбалски турнир 1928 било првото официјално меѓународно натпреварување на Мексико, каде што тие загубиле од Шпанија со 1–7 во осминафиналето.[5]

Потоа, Мексико учествувале на инаугуративното Светско првенство 1930 во Уругвај, каде се нашле во група со Аргентина, Чиле и Франција. Токму тие и го отвориле ова првенство, нешто што мексиканците ги направило особено горди е токму тоа што учествувале во првиот натпревар во историјата на Светските првенства, иако со пораз од 4-1 од Франција, во кој првиот гол за Мексико на Светските првенства го постигнал Хуан Карењо.[6] Во нивниот втор натпревар, Мексико загубиле од Чиле со 3-0. Третиот натпревар на Мексико, против Аргентина, донел повеќе возбудувања, а мексиканците го добиле првиот досуден пенал на турнирот кој бил реализиран од Мануел Росас, иако Мексико подоцна го загубиле овој натпревар со резултат 6–3.[7]

По Втората светска војна

[уреди | уреди извор]
Играчите на мексиканската репрезентација во април 1952

Мексико не учествувал на друго Светско првенство до 1950. И покрај тоа, што бил најсилниот тим во Северноамериканската фудбалска конфедерација и потоа во нејзиниот наследник, КОНКАКАФ, Мексико се мачел да има поголемо влијание на Светските првенства пред 1970 година и му било тешко да се натпреварува против екипите од Европа и Јужна Америка. Сепак, овој период донел еден рекорд на голманот Антонио Карбахал, кој станал првиот играч кој се појавил на пет последователни Светски првенства.[8]

Во 1965 година, Мексико го освоил КОНКАКАФ првенството 1965, со што за првпат станал континентален шампион.

Мексико против Аргентина во натпревар во Лос Анџелес во 1985

Мексико бил домаќин на Светското првенство 1970 и го започнал турнирот со реми без голови против Советскиот Сојуз, проследено со победа од 4–0 над Ел Салвадор. Мексико се пласирал во следната рунда со победа против Белгија, а во четвртфиналето, тие биле елиминирани од Италија, губејќи со 4–1.

Мексико не успеал да се квалификува за Светското првенство 1974 во Западна Германија, но успеале во 1978, каде сепак искуството траело кратко откако претрпеле три порази: 0–6 од Западна Германија, 1–3 од Тунис и со идентичен резултат од Полска. Последователно, Мексико не успеа да се квалификува за Светско првенство 1982.

Во 1986 година, Мексико по втор пат бил домаќин на Светско првенство. Под водството на Бора Милутиновиќ, Мексико бил сместен во групата Б каде ја совладале Белгија со 2–1, ремизирале 1–1 со Парагвај и го совладале Ирак 1–0. Со освојувањето на првото место во својата група Мексико се пласирале во следната рунда каде што ја совладале Бугарија со 2–0. Во четвртфиналето, Мексико загубиле од Западна Германија со 1–4 по изведување пенали, откако натпреварот завршил без голови 0–0. Со тоа, го изедначиле најдобриот нивен резултат од пред 14 години кога исто така биле домаќини.

Мексико биле дисквалификувани од Светското првенство 1990 (и останатите меѓународни натпреварувања) откако користеле играчи над пропишаната возраст за време на квалификациите за Светското младинско првенство 1989, познато како "Cachirules" скандал. Казната се применувала на сите национални претставници на Мексико на сите турнири откако државата била санкционирана од ФИФА.[9]

Во 90-тите години, откако го ангажирале селекторот Сесар Луис Меноти, мексиканскиот фудбал започна да доживува поголем меѓународен успех. На Копа Америка 1993 тие го освоиле второто место, губејќи го финалето од Аргентина со 2-1. На Светското првенство 1994 во САД, Мексико ја освоил својата група, завршувајќи пред Италија, Ирска и Норвешка. Сепак, Мексико загубил во осминафиналето од Бугарија на пенали.

На Светското првенство 1998, Мексико бил сместен во група со Холандија, Јужна Кореја и Белгија. Мексико го добил својот почетен натпревар со 3-1 против Јужна Кореја, а потоа стигнале два гола негатива против Белгија во ремито 2-2, за на крајот против Холандија да одиграат со истиот резултат, квалификувајќи се за нокаут-фазата како втори во својата група со 5 бода колку што имала и првопласираната Холандија. Во осминафиналето, Мексико загубил со 2-1 од Германија, иако први постигнале гол преку нивниот најдобар стрелец на турнирот (со 4 гола) Луис Ернандес.

Во 1999 година, Мексико го освоиле нивниот прв официјален меѓународен турнир организиран од ФИФА, станувајќи првата земја-домаќин која го освоила Купот на конфедерации, победувајќи го Бразил со 4–3 во финалето.[10]

Моментален состав

[уреди | уреди извор]

Составот на Мексико на Копа Америка 2024.

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Хулио Гонсалес (1991-04-23)23 април 1991 (воз. 33) 2 0 Мексико УНАМ Пумас УНАМ Пумас
2 ОД Хорхе Санчес (1997-12-10)10 декември 1997 (воз. 26) 41 1 Португалија Порто Порто
3 ОД Сесар Монтес (1997-02-24)24 февруари 1997 (воз. 27) 44 1 Шпанија Алмерија Алмерија
4 СР Едсон Алварес (1997-10-24)24 октомври 1997 (воз. 26) 78 5 Англија Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
5 ОД Хоан Васкес (1998-10-22)22 октомври 1998 (воз. 25) 23 1 Италија Џенова Џенова
6 ОД Герардо Артеага (1998-09-07)7 септември 1998 (воз. 25) 24 1 Мексико Монтереј Монтереј
7 СР Луис Ромо (1995-06-05)5 јуни 1995 (воз. 29) 46 3 Мексико Монтереј Монтереј
8 СР Карлос Родригес (1997-01-03)3 јануари 1997 (воз. 27) 50 0 Мексико Крус Асул Крус Асул
9 НП Хулиан Кињонес (1997-03-24)24 март 1997 (воз. 27) 5 2 Мексико Клуб Америка Клуб Америка
10 НП Алексис Вега (1997-11-25)25 ноември 1997 (воз. 26) 29 6 Мексико Толука Толука
11 НП Сантјаго Хименес (2001-04-18)18 април 2001 (воз. 23) 27 4 Холандија Фејенорд Фејенорд
12 ГМ Карлос Асеведо (1996-04-19)19 април 1996 (воз. 28) 6 0 Мексико Сантос Лагуна Сантос Лагуна
13 ОД Хесус Ороско (2002-02-19)19 февруари 2002 (воз. 22) 3 0 Мексико Гвадалахара Гвадалахара
14 СР Ерик Санчес (1999-09-27)27 септември 1999 (воз. 24) 27 3 Мексико Пачука Пачука
15 НП Уриел Антуна (1997-08-21)21 август 1997 (воз. 26) 61 13 Мексико Крус Асул Крус Асул
16 СР Хорди Кортисо (1996-06-30)30 јуни 1996 (воз. 27) 4 0 Мексико Монтереј Монтереј
17 СР Орбелин Пинеда (1996-03-24)24 март 1996 (воз. 28) 70 10 Грција АЕК АЕК Атина
18 НП Марсело Флорес (2003-10-01)1 октомври 2003 (воз. 20) 3 0 Мексико Тигрес Тигрес
19 ОД Исраел Рејес (2000-05-23)23 мај 2000 (воз. 24) 15 2 Мексико Клуб Америка Клуб Америка
20 ОД Брајан Гарсија (1997-10-31)31 октомври 1997 (воз. 26) 2 0 Мексико Толука Толука
21 НП Сеаср Уерта (2000-12-03)3 декември 2000 (воз. 23) 8 1 Мексико УНАМ Пумас УНАМ Пумас
22 НП Гиљермо Мартинес (1995-03-15)15 март 1995 (воз. 29) 3 2 Мексико УНАМ Пумас УНАМ Пумас
23 ГМ Раул Ранхел (2000-02-25)25 февруари 2000 (воз. 24) 1 0 Мексико Гвадалахара Гвадалахара
24 СР Луис Чавес (1996-01-15)15 јануари 1996 (воз. 28) 31 4 Русија Динамо Москва Динамо Москва
25 СР Роберто Алварадо (1998-09-07)7 септември 1998 (воз. 25) 44 5 Мексико Гвадалахара Гвадалахара
26 ОД Брајан Гонсалес (2003-04-10)10 април 2003 (воз. 21) 1 0 Мексико Пачука Пачука

Рекордери

[уреди | уреди извор]

Играчи со најмногу настапи

[уреди | уреди извор]
Андрес Гуардадо е играчот со најмногу настапи за Мексико (180).[11]
Место Играч Настапи Голови Реп. кариера
1 Андрес Гуардадо 180 28 2005–2024
2 Клаудио Суарес 177 7 1992–2006
3 Гиљермо Очоа 151 0 2005–денес
4 Рафаел Маркес 147 17 1997–2018
5 Павел Пардо 146 11 1996–2009
6 Герардо Торадо 144 5 1999–2013
7 Ектро Морено 132 5 2007–2023
8 Хорхе Кампос 129 0 1991–2003
9 Карлос Салсидо 123 10 2004–2014
10 Куаутемок Бланко 120 38 1995–2014
11 Рамон Рамирес 119 15 1991–2000

Играчи со најмногу постигнати голови

[уреди | уреди извор]
Хавиер Ернандес е играчот со најмногу постигнати голови за Мексико (52).
Место Играч Голови Настапи Просек Реп. кариера
1 Хавиер Ернандес 52 109 0.48 2009–2019
2 Џаред Боргети 46 89 0.52 1997–2008
3 Куаутемок Бланко 38 119 0.32 1995–2014
4 Раул Хименес 35 107 0.32 2013–денес
Луис Еранандес 35 85 0.41 1995–2002
6 Карлос Ермосиљо 34 90 0.38 1984–1997
7 Енрике Борха 31 65 0.48 1966–1975
8 Луис Роберто Алвес 30 84 0.36 1988–2001
9 Уго Санчес 29 58 0.5 1977–1998
10 Луис Гарсија 28 77 0.36 1991–1999
Андрес Гуардадо 28 180 0.16 2005–2024

Настапи на турнири

[уреди | уреди извор]

Настапи на Светските првенства

[уреди | уреди извор]
Светско првенство Квалификации за Светско првенство
Година Рунда Позиција ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ
Уругвај 1930 Групна фаза 13. 3 0 0 3 4 13 Состав
Италија 1934 Не се квалификувале 4 3 0 1 14 7
Франција 1938 Се повлекле Се повлекле
Бразил 1950 Групна фаза 12. 3 0 0 3 2 10 Состав 4 4 0 0 17 2
Швајцарија 1954 13. 2 0 0 2 1 8 Состав 4 4 0 0 19 1
Шведска 1958 16. 3 0 1 2 2 8 Состав 6 5 1 0 21 3
Чиле 1962 11. 3 1 0 2 3 4 Состав 6 3 2 1 17 5
Англија 1966 12. 3 0 2 1 1 3 Состав 8 6 2 0 20 4
Мексико 1970 Четвртфинале 6. 4 2 1 1 6 4 Состав Се квалификувале како домаќини
Германија 1974 Не се квалификувале 5 2 2 1 10 5
Аргентина 1978 Групна фаза 16 3 0 0 3 2 12 Состав 5 5 0 0 20 5
Шпанија 1982 Не се квалификувале 5 1 3 1 6 3
Мексико 1986 Четвртфинале 6 5 3 2 0 6 2 Состав Се квалификувале како домаќини
Италија 1990 Добиле забрана за настап
САД 1994 Осминафинале 13. 4 1 2 1 4 4 Состав 12 9 1 2 39 8
Франција 1998 13. 4 1 2 1 8 7 Состав 16 8 6 2 37 13
Јужна Кореја Јапонија 2002 11. 4 2 1 1 4 4 Состав 16 9 3 4 33 11
Германија 2006 15. 4 1 1 2 5 5 Состав 18 15 1 2 67 10
Јужна Африка 2010 14. 4 1 1 2 4 5 Состав 18 11 2 5 36 18
Бразил 2014 10. 4 2 1 1 5 3 Состав 18 10 5 3 31 14
Русија 2018 12. 4 2 0 2 3 6 Состав 16 11 4 1 29 8
Катар 2022 Групна фаза 22. 3 1 1 1 2 3 Состав 14 8 4 2 17 8
Канада Мексико САД 2026 Се квалификувале како домаќини Се квалификувале како домаќини
Мароко Португалија Шпанија 2030 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Саудиска Арабија 2034
Вкупно Четвртфинале 18/23 60 17 15 28 62 101 189 121 41 27 453 134

КОНКАКАФ Голд куп

[уреди | уреди извор]
КОНКАКАФ првенство & Голд куп Квалификации
Година Рунда Позиција Pld П Н* И ДГ ПГ Состав ОН П Н И ДГ ПГ
Ел Салвадор 1963 Групна фаза 7. 3 1 1 1 9 2 Состав Се квалификувале автоматски
Гватемала 1965 Шампиони 1. 5 4 1 0 13 2 Состав Влегле автоматски
Хондурас 1967 Финале 2. 5 4 0 1 10 1 Состав Се квалификувале како бранител на титулата
Костарика 1969 Четврто место 4. 5 1 2 2 4 5 Состав 2 1 0 1 4 2
Тринидад и Тобаго 1971 Шампиони 1. 5 4 1 0 6 1 Состав 2 2 0 0 6 0
Хаити 1973 Трето место 3. 5 2 2 1 10 5 Состав 4 4 0 0 8 3
Мексико 1977 Шампиони 1. 5 5 0 0 20 5 Состав 4 1 2 1 3 1
Хондурас 1981 Трето место 3. 5 1 3 1 6 3 Состав 4 1 2 1 8 5
1985 Се повлекле заради домаќинството на Светското првенство 1986 Се повлекле
1989 Забрана Забрана
САД 1991 Трето место 3. 5 3 1 1 10 5 Состав Се квалификувале автоматски
Мексико САД 1993 Шампиони 1. 5 4 1 0 28 2 Состав
САД 1996 Шампиони 1. 4 4 0 0 9 0 Состав
САД 1998 Шампион 1. 4 4 0 0 8 2 Состав
САД 2000 Четвртфинале 7. 3 1 1 1 6 3 Состав
САД 2002 5. 3 2 1 0 4 1 Состав
Мексико САД 2003 Шампиони 1. 5 4 1 0 9 0 Состав
САД 2005 Четвртфинале 6. 4 2 0 2 7 4 Состав
САД 2007 Финалист 2. 6 4 0 2 7 5 Состав
САД 2009 Шампиони 1. 6 5 1 0 15 2 Состав
САД 2011 Шампиони 1. 6 6 0 0 22 4 Состав
САД 2013 Полуфинале 3. 5 3 0 2 8 5 Состав
Канада САД 2015 Шампиони 1. 6 4 2 0 16 6 Состав
САД 2017 Полуфинале 3. 5 3 1 1 6 2 Состав
САД Костарика Јамајка 2019 Шампион 1. 6 5 1 0 16 4 Состав
САД 2021 Финалист 2. 6 4 1 1 9 2 Состав 4 4 0 0 13 3
Канада САД 2023 Шампиони 1. 6 5 0 1 13 2 Состав 4 2 2 0 8 3
Вкупно 12 титули 25/27 123 85 21 17 271 73 24 15 6 3 50 17

Копа Америка

[уреди | уреди извор]
Копа Америка
Година Рунда Позиција ОН П Н* И ДГ ПГ Состав
Еквадор 1993 Финалист 2. 6 2 2 2 9 7 Состав
Уругвај 1995 Четвртфинале 7. 4 1 2 1 5 4 Состав
Боливија 1997 Полуфинале 3. 6 2 2 2 8 9 Состав
Парагвај 1999 Полуфинале 3. 6 3 1 2 10 9 Состав
Колумбија 2001 Финалист 2. 6 3 1 2 5 3 Состав
Перу 2004 Четвртфинале 6. 4 2 1 1 5 7 Состав
Венецуела 2007 Полуфинале 3. 6 4 1 1 13 5 Состав
Аргентина 2011 Групна фаза 12. 3 0 0 3 1 4 Состав
Чиле 2015 11. 3 0 2 1 4 5 Состав
САД 2016 Четвртфинале 7. 4 2 1 1 6 9 Состав
Бразил 2019 Не биле поканети
Бразил 2021
САД 2024 Групна фаза 9. 3 1 1 1 1 1 Состав
Вкупно Финале 11/13 51 20 14 17 67 63

Олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Летни олимписки игри
Година Рунда Позиција ОН П Н* И ДГ ПГ Состав
Холандија 1928 Прва рунда 14. 2 0 0 2 2 10 Состав
Германија 1936 Не учествувале
Велика Британија 1948 Прва рунда 11. 1 0 0 1 3 5 Состав
Финска 1952 Не се квалификувале
Австралија 1956
Италија 1960
Јапонија 1964 Групна фаза 11. 3 0 1 2 2 6 Состав
Мексико 1968 Четврто место 4. 5 3 0 2 10 7 Состав
Западна Германија 1972 Втора групна фаза 7. 6 2 1 3 4 14 Состав
Канада 1976 Групна фаза 9. 3 0 2 1 4 7 Состав
Советскиот Сојуз 1980 Не се квалификувале
САД 1984
Јужна Кореја 1988 Забрана
Од 1992 Погледнете Олимписка репрезентација на Мексико
Вкупно Четврто место 6/13 20 5 4 11 25 49
  1. Заедно со Германија, Бразил, Италија, Аргентина, Франција, Шпанија и Уругвај.
  1. „Mexico's World Cup Soccer History“. eljalisco.com. Архивирано од изворникот 29 June 2017. Посетено на 15 June 2017.
  2. „Mexico 1999“. SuperSport.com. Архивирано од изворникот 16 June 2013. Посетено на 25 August 2018.
  3. 3,0 3,1 „History of the National football team“. femexfut.org.mx. Mexican Football Federation. Архивирано од изворникот 30 April 2008. Посетено на 1 May 2008.
  4. „The Start; El Comienzo“. Televisa. Архивирано од изворникот на 4 October 2003. Посетено на 1 May 2008.
  5. „The First Olympics“. Televisa. Архивирано од изворникот на 4 October 2003. Посетено на 1 May 2008.
  6. „Mexico-France Match Report“. FIFA. Архивирано од изворникот 11 March 2007. Посетено на 19 June 2008.
  7. „Six countries entered bidding for first World Cup. Hello“. The Times of India. Архивирано од изворникот 15 June 2006. Посетено на 7 May 2007.
  8. „Antonio Carbajal, el eterno Cinco Copas“ (шпански). FIFA. 26 October 2004. Архивирано од изворникот на 17 June 2010.
  9. „Mexico Given Ban In Soccer“. The New York Times. 1 July 1988. Архивирано од изворникот 2 July 2018. Посетено на 14 June 2013.
  10. „Mexico stun Brazil in thrilling Azteca final“. FIFA. Архивирано од изворникот на 9 October 2015.
  11. „José Andrés Guardado - Century of International Appearances“. rssssf.com. 17 November 2022. Архивирано од изворникот 17 November 2022. Посетено на 17 November 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]