Фрутаријанство
Фрутаријанството е вид на исхрана составена само од плодови. Луѓето кои практикуваат ваков тип на исхрана се нарекуваат фрутаријанци. Тие сметаат дека фрутаријанството е природен и исконски вид на човековата исхрана и дека првите библиски луѓе Адам и Ева во рајската градина биле фрутаријанци. Исто така сметаат дека ниту едно живо суштество, вклучувајќи ги тука животните и растенијата, не сака да биде убиено. Поради тоа тие ги јадат само плодовите кои овошките самите ги даваат, за разлика од веганите кои го јадат и коренот, стеблото, лисјата, цветовите и семињата.
Објаснението кое фрутаријанците го даваат е следно: „Јаболкницата дарува плод за да го береме и изедеме, а ако ние тоа не го сториме, јаболкото самото ќе падне на земјата и тука ќе ја изеде некое друго живо суштество. Но самото дрво ќе продолжи да живее и уште долга низа на години ќе носи јаболка, ќе дарува кислород и уште многу друго. Не е неопходно некому да се одземе животот за да ние можеме да живееме.“
Радикалните фрутаријанци јадат исклучиво овошни плодови кои самите паднале од дрвото.
Погледни исто така
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фрутаријанство (на англиски) Архивирано на 4 јануари 2010 г.
![]() | Оваа статија храната е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |