Во геометријата, латински: frustum; [а 1] — делот од геометриско тело (обично пирамида или конус) што се наоѓа помеѓу две напоредни рамнини што го сечат геометриското тело. Во случај на пирамида, површините на основите се многуаголници, а страничните површини се трапези. Прав фрустум е права пирамида или прав конус пресечени нормално на својата оска.[2] Во спротивно, тоа е кос фрустум. Кај пресечен конус или пресечена пирамида, рамнината на пресекот не е нужно напоредна со основата на конусот, како кај фрустумот. Ако сите негови рабови се принудени да станат со иста должина, тогаш фрустумот станува призма (веројатно коса или/и со неправилни основи).
Оската на фрустумот е онаа на изворниот конус или пирамида. Фрустумот е кружен ако има кружни основи, прав е ако оската е нормална на обете основи, во спротивно е кос.
Висината на фрустумот е нормалното растојание помеѓу рамнините на двете основи.
Конусите и пирамидите може да се сметаат за дегенерирани случаи на фрустуми, каде што една од пресечните рамнини поминува низ врвот (така што соодветната основа се намалува до точка). Пирамидалните фрустуми се поткласа на призматоидите.
Два фрустуми со две конгруентни основи споени на овие конгруентни основи образуваа бифрустум.
каде што a и b се должините на страните на основата и на горниот квадрат, а h е висината.
Точната формула за зафатнината на таква пресечена квадратна пирамида ја знаеле Египќаните , но во Московскиот папирус не е даден доказ за оваа равенка.
Зафатнината на конусен или пирамидален фрустум е зафатнината на геометриското телео пред отсекување на нејзиниот „врв“, минус зафатнината на овој „врв“:
каде B1 и B2 се плоштините на основата и горниот дел, а h1 и h2 нормалните висини од врвот до основата и горната рамнина соодветно.
Имајќи предвид:
формулата за зафатнината може да се изрази како третина од производот на оваа сразмерност, , и само од разликата на третиот степен на висините h1 и h2:
Со користење на идентитетот a3 − b3 = (a − b)(a2 + ab + b2), се добива:
Споменикот на Вашингтон е тесен пирамидален фрустум со квадратна основа, на кој се наоѓа мала пирамида.
Во англискиот превод на збирката раскази на Станислав Лем„Киберијадата“, поемата „Љубов итензорска алгебра“ тврди дека „секој фрустум копнее да биде конус“.
Кофите и типичните абажури се секојдневни примери на конусни фрустуми.
Чаши за пиење и некои вселенски капсули се исто така некои примери.
Ловец на звук, Неринга, ЛитванијаЛовец на звук: дрвена структура во Литванија.
↑Al-Sammarraie, Ahmed T.; Vafai, Kambiz (2017). „Heat transfer augmentation through convergence angles in a pipe“. Numerical Heat Transfer, Part A: Applications. 72 (3): 197−214. Bibcode:2017NHTA...72..197A. doi:10.1080/10407782.2017.1372670.