Фримантл (Австралија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Птичји поглед кон Фримантл

Фримантл (англ. Fremantle) е пристанишен град во Западна Австралија кој се наоѓа 19 километри југозападно од Перт, главниот град на сојузната држава, при устието на реката Сван, на западниот брег на Австралија. Абориџинското име на областа е Валјалуп (Walyalup). Фримантл бил првата населба на Колонистите на реката Сван во 1829 година. Прогласен е за град во 1929 година, и има население од околу 29.000 луѓе[1].

Градот го добил името по капетан Чарлс Хоу Фримантл, англиски поморски офицер кој прогласил поседување на Западна Австралија и основал камп во месноста. Градот содржи добро сочувани градби и други културни наследства од 19 век. Градот се нарекува со деминутивот „Фрио“ (Freo) во жаргонот на Западна Австралија.

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Australian Bureau of Statistics (27 June 2017). „Fremantle (Local Government Area)“. 2016 Census QuickStats. Посетено на 4 December 2018. Уредете го ова на Википодатоците