Фридрих II (изборен кнез од Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фридрих II
Saxonia Museum für saechsische Vaterlandskunde I 23.jpg
Фридрих II
Изборен кнез на Саксонија
На престол4 јануари 1428 – 7 септември 1464
ПретходникФридрих I
НаследникЕрнест
Ландгроф од Тирингија
На престол7 мај 1440 - 1445
ПретходникФридрих IV
НаследникВилхем II
Маркгроф од Мајсен и Војвода од Саксонија
На престол4 јануари 1428 – 7 септември 1464
ПретходникФридрих IV/I
НаследникАлбрехт IV/III
Роден(а)22 август 1412(1412-08-22)
Дрезден
Починал(а)7 септември 1464(1464-09-07) (возр. 52)
Лајпциг
СопружникМаргарита Австриска
Деца
among others...
Амалија
Ана
Ернест
Албрехт III
ДинастијаВетинци
ТаткоФридрих I
МајкаКатарина
ВероисповедРимокатоличка црква

Фридрих II (германски: Friedrich, der Sanftmütige, роден во 22 август 1412 во Дрезден - починал на 7 септември 1464 во Лајпциг) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1428 до 1464 година и ландгроф од Тирингија во периодот од 1440 до 1445 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Фридрих бил првиот син и наследник на изборниот кнез Фридрих I (1370-1428) и на Катарина од Брауншвајг-Линебург (1395-1442).

Управување[уреди | уреди извор]

Во 1428 година тој го наследил својот татко и управувал заедно со своите браќа Вилхелм III, Хајнрих и Сигизмунд.

До 1432 година ги бранел своите територии од големата војна против Хуситите. Во 1431 година учествувл во крстоносна војна против хуситите, која војна завршила со пораз, за да во 1433 година потпише договор со нив.

По смртта на ландграфот на Тирингија Фридрих Мирољубиивиот (1440), Фридрих и неговиот брат, Вилхелм ги добиле неговите земји како наследство.

Тоа наследство сепак довело до војна помеѓу браќата. Вилхелм, чувствувајќи се навреден по поделбата на Алтенбургското наследство, стапил во тајни преговори со архиепископот на Магдебург. Воените дејствија ги започнал Фридрих. Тој ја нападнал во 1445 година Тирингија, и така започнала саксонските братска војна, која завршила во 1451 година. Фридрих стапил во сојуз со Хабсбурговците, додека Вилхелм добил помош од Бохемија. Веднаш по оваа војна се случило т.н. „Саксонско киднапирање на принцовите„ (Sächsischer Prinzenraub).

Семејство[уреди | уреди извор]

На 3 јуни 1431 година тој се оженил во Лајпциг за Маргарита Австриска, ќерка на војводата Ернест Железниот.

Двајцата имале осум деца:

  • Амалија
  • Ана
  • Фредерик
  • Ернест
  • Албрехт III
  • Маргарете
  • Хедвиг
  • Александар

Литература[уреди | уреди извор]

  • Johann Georg Kohl, Pilgerfahrt des Landgrafen Wilhelm des Tapferen von Thüringen zum heiligen Lande im Jahre 1461, Müller 1868, Seite 4
  • Enno Bünz, Christoph Volkmar, Die albertinischen Herzöge bis zur Übernahme der Kurwürde, in: Frank-Lothar Kroll: Die Herrscher Sachsens. Markgrafen, Kurfürsten, Könige 1089 – 1918, München 2007
  • Ewald Dietrich, Herzog Albrecht der Beherzte, Stammvater des sächsischen Königshauses als Fürst, Held und Familienvater, Goedsche Verlag, Leipzig/Riesa/Meissen 1851 (Digitalisat)
  • Friedrich Albert von Langenn, Herzog Albrecht der Beherzte, Stammvater des königlichen Hauses Sachsen, Hinrichs Verlag, Leipzig, 1838 (Digitalisat)
  • Hans von Mergenthal, Gründliche und wahrhafftige Beschreibung Der löblichen und Ritterlichen Reise und Meerfahrt in das heilige Land nach Jerusalem, Pilgramschafft ins gelobte Land/ Hertzog Wilhelms zu Sachsen, Jena 1611
  • André Thieme, Herzog Albrecht der Beherzte. Ein sächsischer Fürst im Reich und in Europa, Quellen und Materialien zur Geschichte der Wettiner Bd. 2, Köln/Weimar/Wien 2002

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Фридрих II (изборен кнез од Саксонија)
Роден(а): 22 август 1412 Починал(а): 7 септември 1464
Претходник
Фридрих I
Изборен кнез на Саксонија
1428–1464
Наследник
Ернест
Војвода од Саксонија и
Маркгроф од Мајсен

1428–1464
Наследник
Албрехт
Претходник
Фридрих IV
Ландгроф од Тирингија
1440–1445
Наследник
Вилхем II