Фридрих III (изборен кнез од Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фридрих III
Изборен кнез на Саксонија
Ландгроф од Тирингија
Lucas Cranach d. Ä. 097.jpg
Изборен кнез на Саксонија
На престол 26 август 1483 – 5 мај 1525
Претходник Ернест
Наследник Јохан
Династија Ветинци
Татко Ернест
Мајка Елизабета Баварска
Роден(а) 17 јануари 1463(1463-01-17)
Торгау
Починал(а) 5 мај 1525(1525-05-05) (воз. 62 г.)
Лангау
Почивалиште Витенберг
Вероисповед Римокатоличка црква подоцна Лутеранство

Фридрих III или Фридрих Мудриот (германски: Friedrich der Weise, роден во 17 јануари 1463 во Торгау - починал на 5 мај 1525 во Лангау) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1486 до 1525 година. Фридрих е познат по тоа што му помогнал на Мартин Лутер и му дал азил во неговата земја[1], подржувајќи ја реформацијата и лутеранството.

Рани години[уреди | уреди извор]

Фридрих бил најстариот син на изборниот кнез Ернест од Саксонија (1441-1486) и неговата сопруга Елизабета (1443-1484), ќерка на баварскиот војвода Албрехт III.

Управување[уреди | уреди извор]

Тој го наследил неговиот татко на 23 години во 1486 година и управувал со Војводство Саксонија-Витенберг и Изборно Кнежевство Саксонија заедно со својот брат Јохан.

Во 1493 година во Ерусалим станал витез на Орденот на Светиот гроб. Тој бил еден од најголемите поседувачи на реликви од Светата земја[2]. Тој имал 17443 предмети, вклучувајќи реликви од Света Ана, гранка од капината на Мојсеј, млеко од Дева Марија. Во следните години неговата збирка од реликви надминала 19.000 парчиња[3].

Во 1502 година го основал Универзитетот Витенберг. Во 1519 година, по смртта на царот Максимилијан, изборните кнезови му ја понудиле царската круна, но тој не се чувствувал доволно силен за тоа и истиот предлог го одбил. Од мај 1521 до март 1522 година, Мартин Лутер престојувал во замокот Вартбург откако бил земен под заштита на Фридрих по неговото исклучување од папата Лав X и судењето на собирот во Вормс, но во текот на своето управување никогаш не се сретнал со него.

Семејство[уреди | уреди извор]

Фридрих не се оженил, но со Ана Велер, од неаристократско семејство, имал неколку деца.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Georg Spalatin,Christian Gotthold Neudecker,Ludwig Preller, Historischer nachlass und briefe, 1851, S. 89 f.
  • Johannes Hofsommer: Friedrich der Weise und die Reformation. Norderstedt 2008, ISBN 978-3-640-12620-0.
  • Klaus Kühnel: Friedrich der Weise, Kurfürst von Sachsen. Eine Biographie. Wittenberg 2004, ISBN 3-933028-81-7.
  • Heinrich Theodor Flathe, Friedrich III. der Weise. Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). 7. Duncker & Humblot, Leipzig 1877, S. 779–781..
  • Friedrich Wilhelm Bautz, Friedrich der Weise, Kurfürst von Sachsen. Biographisch-Bibliographisches Kirchenlexikon (BBKL). 2, Bautz, Hamm 1990, ISBN 3-88309-032-8, Sp. 128–129.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.reformationhappens.com/movements/magisterial/
  2. Spalatin, Georg (1851). Historischer Nachlass und Briefe. стр. 89. 
  3. Geoffrey Parker; Caleb Carr (2001). „Martin Luther Burns at the Stake, 1521“. Robert Cowley. The collected What if? : eminent historians imagining what might have been. New York: G. P. Putnam's Sons. стр. 511. ISBN 0-399-15238-5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Фридрих III (изборен кнез од Саксонија)
Роден(а): 17 јануари 1463 Починал(а): 5 мај 1525
Претходник
Ернест
Изборен кнез на Саксонија
1486–1525
Наследник
Јохан