Фридрих Николај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кристоф Фридрих Николaj, од Фердинанд Колман

Кристоф Фридрих Николај (18 март 1733 година - 11 јануари 1811 година) германски писател и продавач на книги.

Живот[уреди | уреди извор]

Грбот на Николај (од БЕИК )

Николај е роден во Берлин, каде неговиот татко Криштоф Готлиб Николај (р. 1752), основачот на книжарницата Николаеше Бухандлунг. Тој се стекнал со добро образование и во 1749 година заминува во Франкфурт (Одер) за да го научи бизнисот на татко му, наоѓајќи време и да се запознае со англиската литература.

Во 1752 година, Николај се вратил во Берлин и започнал да учествува во книжевните расправи бранејќи го Џон Милтон од нападите на J.Ц. Готшед. Неговиот натпис Briefe über den jetzigen Zustand der schönen Wissenschaften in Deutschland, објавен анонимно во 1755 година и препечатен од Г Елингер во 1894 година, беа насочени против Готшед и неговите швајцарските поддржувачи, Јохан Јакоб Бодмер и Јохан Јакоб Брејтингер; неговиот ентузијазам за англиската литература го направило добар пријател со Готхолд Ефрајм Лесинг и Мојсеј Менделсон. Во соработка со Менделсон, во 1757 година тој го основал Bibliothek der schönen Wissenschaften, и периодично го водел до 1760 година. Заедно со Лесинг и Менделсон, Николај го уредувал познатото списание за критика на книги Briefe, die neueste Literatur betreffend во периодот помеѓу 1759 и 1765 година; и од 1765 до 1792 година уредувал уште едно списание за книжна критика Allgemeine deutsche Bibliothek. Последното списание служело како орган на таканаречените популарни филозофи, кои се бореле против авторитетот во религијата и против она што замислиле дека е екстраваганција во литературата.

Неговите романси во голема мера се заборавени, како Das Leben und die Meinungen des Herrn Magister Sebaldus Nothanker (1773–17666), а неговата сатира на Гетевиот Вертер, Freuden des jungen Werthers (1775), била од голема важност во тој период. Помеѓу 1788 и 1796 година, Николај објавил дванаесет тома под името Beschreibung einer Reise durch Deutschland und die Schweiz, што сведочи за конзервативизмот во неговите погледи во подоцнежниот живот.

Николај исто така понуди ран приказ за визуелното халуцинирање со увид и поврзаност со лудилото:[1] „одеднаш ја забележав, на оддалеченост од десет чекори, силуетата на починато лице. Ја прашав сопругата дали го видела тоа. Таа не виде ништо, освен што беше многу вознемирена… во потрага на лекар“. Привиденијата беа над неговата контрола и не можеа да бидат избрани по сопствената волја.[2]

Николај починал во 1811 година во Берлин.

НиколеајевиотBildniss und Selbsbiographie“ е објавен од Мозес Самуел Леве во Bildnisse jetzt lebender Berliner Gelehrter, во 1806 година.

Наводи[уреди | уреди извор]


Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  1. Berrios GE & Marková IS (2015) Visual hallucinations: history and context of current research. In Collerton D, Mosimann UP and Perry E (eds.) The Neuroscience of Visual Hallucinations. London: John Wiley & Sons, pp3-22.
  2. Nicolai F ( 1799) Beispiel einer Erscheinung mehrerer Phantasmen; nebst einigen erlauternden Anmerkungen. Neue berlinische Monatsschrift, 2: 321-359.