Фридманово процентуално правило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фридманово процентуално правиломонетаристички предлог според којшто понудата на пари треба да биде зголемена од страна на централната банка по константна процентуална стапка секоја година, без оглед на деловните циклуси.

Милтон Фридман и Ана Шварц во делото со наслов „Монетарна историја на САД 1867-1960“ извршиле преглед на историската анализа на монетарната политика во САД за период од речиси еден век. Во делото се наведува дека инфлацијата е резултат на прекумерното зголемување на понудата на пари од страна на централната банка. Исто така, се наведува дека дефлационите спирали се реззултат на обратниот ефект од неуспехот на централната банка да ја зголеми понудата на пари во време на зголемена побарувачка за ликвидност. Притоа, Фридман предложил фиксно монетарно правило, наречено „Фридманово процентуално правило“, според коешто дека понудата на пари би се пресметувала со помош на познати макроекономски и финансиски фактори со цел да се постигне одредено ниво или опсег на инфлација.

Согласно правилото, централната банка не би можела да врши отстапки во пресметката, бидејќи зголемувањето на понудата на пари може да се пресмета со помош на „сметач“ и сите одлуки во врска со монетарната политика би биле предвидливи.[1][2]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Според Фридман, количеството на пари треба да се зголемува по фиксна стапка секоја година без промена на стапката на зголемување за да се задоволат цикличните барања.[3] Фридман сметал дека главна цел е да се избегне контрациклична монетарна политика. Тој сметал дека ако на државата ѝ се дозволи да има флексибилност во одредувањето на растот на количеството на пари, тогаш тоа води кон инфлација и поради тоа, централната банка треба да води проциклична монетарна политика и да ја зголемува понудата на пари по константна стапка, којашто е еквивалентна на стапката на раст на реалниот БДП.

Монетарна политика[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Монетарна политика.

Монетарна политика е процес со којшто монетарните власти ја контролираат понудата на пари, обично преку постигнување на целна каматна стапка заради промовирање на економски раст и стабилност. Главните цели обичнно се насочени кон постигнување на релативна ценовна стабилност и ниско ниво на невработеност.

Осмислувањето на монетарната политика е сложена и тешка задача, бидејќи е потребно да се одржи рамнотежа меѓу различни економски променливи. Но, обично треба да се направи замена меѓу овие економски променливи. Така, создавачите на макроекономските политики ги користат монетарните правила како што е Фридмановото процентуално правило или Тејлоровото правило во создавањето на поефективни монетарни политики.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas Palley, "Milton Friedman: The Great Conservative Partison"
  2. Ip, Greg. „How Milton Friedman Changed Economics, Policy and Markets“, „The Wall Street Journal“, 17 ноември 2006.
  3. Friedman, M. (1960). "A Program for Monetary Stability". New York: Fordham University Press.