Фрида Пинто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фрида Пинто
Пинто во 2014 година
Роден(а) Фрида Селена Пинто[1]
18 октомври 1984 (1984-10-18) (воз. 33 г.)
Мумбаи, Индија
Занимање
  • Глумица
  • модел
Активен период 2005–сè уште

Фрида Селена Пинто (родена на 18 октомври 1984 г.) — индиска глумица која главно глуми во американски и британски филмови. Таа е родена и израсната во Мумбаи, Индија, и уште во младите години одлучила да биде глумица.

Пинто станала позната преку британскиот филм Милионер од гетото (2008), во кој таа ја играла својата прва филмска улога. Таа била добитник на наградата за најдобар пробив на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс и била номинирана во неколку категории на различни филмски доделувања на награди. Таа играла улоги во неколку американски и британски филмови, најчесто играјќи споредни улоги. Нејзиниот најголем комерцијален успех се случил со научно-фантастичниот филм Планета на мајмуните: Почеток (2011). Пинто добила големо внимание играјќи ја главната улога во филмот Тришна (2011), режиран од Мајкл Винтерботом. Нејзината изведба во биографската драма Пустински танчер (2014) наишла на пофалби од филмските критичари.

И покрај тоа што индиските медиуми ја опишуваат Пинто како жена која ги соборува стереотипите за индиските жени во странските филмови, таа сепак е помалку позната личност во индиската кинематографија. Заедно со филмската кариера, таа промовира хуманитарни дела и е гласна за зајакнувањето на жените.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци и пробив (2008–10)[уреди | уреди извор]

Пинто со екипата од Милионер од гетото
Пинто со екипата од Милионер од гетото за време на Филмскиот фестивал во Торонто во 2008 година.

Во 2007 година, модната агенција на Пинто ја избрала неа и уште шест други модели за аудицијата за главна женска улога за филмот на Дани Бојл, Милионер од гетото (2008) по барање на директорот одговорен за кастингот.[2][3] По шест месечни ектензивни аудиции, Пинто ја добила улогата на Латика, девојката на главниот лик Џамал, игран од Дев Пател.[4] За време на постпродукциската етапа, таа присуствувала на курс за глума кој го водел режисерот Бари Џон во своето студио за глума во Мумбаи.[5] Иако на курсот се изучувало за „техничките аспекти“ на глумењето, таа изјавила дека „во поглед на вистинското искуство, не постои ништо друго како одењето таму и играјќи ја улогата... За мене, мое омилено училиште за глума беа шестмесечните аудиции со Дани Бојл“.[3] Познат особено по содржината и саундтракот, Милионер од гетото излегол како изненадувачки хит;[6][7] направен со буџет од 15 мил. долари, заработувајќи 377.9 мил. долари во светски рамки.[8] Филмот бил најуспешен на 81. доделување на наградите Оскар: номиниран во 10 категории, од кои освоил награда во осум, вклучувајќи Оскар за најдобар филм.[9] Пинто ја добила наградата за најдобар пробив на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс, како и наградата за најдобра екипа од страна на здружението на филмски глумци, заедно со другите глумци во филмот.[10][11] Таа исто така била номинирана за наградата БАФТА за најдобра глумица во споредна улога.[12] Изведбата на Пинто во филмот привлекла мало внимание кај критичарите бидејќи нејзиното присуство во филмот било ограничено.

Пинто (лево) и Рула Џебреал на Филмскиот фестивал во Хамптонс во октомври 2010 година.

По успехот на Милионер од гетото, Пинто потпишала за две уметнички продукциски куќи.[13][14] Во комичната драма Ќе запознаеш висок, црн туѓинец (2010), режирана од Вуди Ален,[15] таа глумела покрај Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Анупам Хер и Наоми Вотс.[16] Таа играла улога на „мистериозна жена“ која го привлекува вниманието на главниот лик игран од Бролин. Филмот својата премиера ја имал на Канскиот филмски фестивал во 2010 година, и добил мешани критики по издавањето.[17][18] Пинто потоа глумела во биографско-политичкиот филм Мирал (2010), базиран на полу-биографскиот роман од Рула Џебреал, играјќи сираче од Палестина која израснала во бегалски камп во Израел.[19] Пред да започне снимањето на филмот на палестинска територија, Пинто се подготвувала за улогата посетувајќи неколку бегалски кампови во областа.[20] Таа изјавила дека може да се соживее со ликот поради нејзините знаења за искуствата на нејзините роднини за време на поделбата на Индија во 1940. години.[20] Филмот добил негативни критики,[21][22] а изведбата на Пинто ги поделила мислењата на критичарите.[23]

2011–денес[уреди | уреди извор]

Пинто глумела во четири филмови во 2011 година. Првиот бил научно-фантастичниот филм Планета на мајмуните: Почеток.[24] Таа ја играла улогата на Керолајн Арана, приматологист кој се заљубува во главниот лик, игран од Џејмс Франко.[19][25] За да се подготви за улогата, таа ја истражила кариерата на антрополигистот Џејн Гудал.[13] Филмот заработил 481.8 мил. долари во светски рамки; и е нејзин најпрофиабилен филм.[26] Во својот втор филм во годината, Тришна, режиран од Мајкл Винтерботом, таа играла главна улога. Во филмот, базиран на романот Теса од Д'Убервила од Томас Харди, Пинто играла улога на тинејџерка селанка, која го напушта семејството за да работи за индиски хотелиер, игран од Риз Ахмед.[27][28] Филмот за прв пат бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2011 година и заработил мешани реакции од критичарите.[29][30]

Пинто на Канскиот филмски фестивал во 2012 година.

Третата филмска улога на Пинто во 2011 година била улогата на принцезата Лала во слабо прифатениот независен филм Црно злато, драма поставена во Средниот Исток во 1930. години, каде глумела заедно со Антонио Бандерас, Марк Стронг и Лија Кебеде.[31] И покрај негативните критики, Енди Вебстер од The New York Times ги опишал изведбите на Пинто и Кебеде како "освежувачки" и ги пофалил нивните "независни присуства во средина во која доминираат мажи".[32] Последен филм за Пинто во годината бил акционо-фантазискиот филм Бесмртници, во кој таа ја играла свештеничката Федра.[33] И покрај добиените мешани до позитивни реакции од критичарите,[34] филмот заработил 226.9 мил. долари во светски рамки.

По 2011 година, Пинто не глумела во филм две години. Во 2013 година, таа се појавила во музичкиот спот за песната "Gorilla" на Бруно Марс. Таа добила критики од индиските медиуми поради појавата во спотот;[35] дневните весници The Times of India и Hindustan Times го оцениле нејзиното играње како повеќе од „валкано играње“.[36][37] Истата година, Пинто била една од раскажувачите во документарниот филм Подем на девојчињата, снимен за кампањата со исто име која го промовира пристапот до образование за девојчињата низ целиот свет.[38]

Првиот филмски настап на Пинто по двегодишна пауза бил во биографската драма Пустински танчер (2014), која била за животот на иранскиот кореограф Афшин Гафаријан.[39] Таа ја имала улогата на зависничката од хероин Елаија, која била девојка на главниот лик, игран од Рис Ричи.[40] Улогата од неа барала да земе часови по танцување кои се состоеле од осум часовни проби на ден за период од четиринаесет недели.[41] Таа исто така присуствувала на неколку сесии во рехабилитациони центри во САД за да се подготви за улогата[42]

Првиот филм на Пинто во 2015 година бил авангардниот филм Витешки куп режиран од Теренс Малик, во кој главните улоги ги играле Кристијан Бејл, Кејт Бланшет, Натали Портман, и Антонио Бандерас.[43] Таа ја играла Хелен, модел со кој Бејл „флертува“.[44][45] Филмот се нашол во натпреварувачкиот дел на Берлинскиот филмски фестивал,[46][47] и заработил просечни и мешани реакции од критичарите.[48][49] Филмот бил издаден во САД во март 2016 година.[50] Таа била дел од стоте раскажувачи на Единатво (2015), документарен филм кој ги истражува врските помеѓу видовите на Земјата.[51] Нејзин трет филм во годината бил колумбискиот акционен филм Луда повреда, во кој глумела наспроти Рајан Квантен и Мики Рурк како жена која е во потрага по убиецот на нејзиниот брат.[52] Од октомври 2015 година, Пинто работи на филмот Книга за џунглата во режија на Енди Серкис, кој ќе биде авантуристичко-фантазионен филм базиран на истоименото дело од Радјард Киплинг.[53] Таа ќе ја глуми мајката посвоител на Могли.[54][55]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2008 Милионер од гетото Латика
2010 Ќе запознаеш висок, црн туѓинец Дија
2010 Мирал Мирал
2011 Планета на мајмуните: Почеток Керолајн
2011 Тришна Тришна
2011 Црно злато Принцеза Лала
2011 Бесмртници Федра
2014 Пустински танчер Елаија
2015 Витешки куп Хелен
2015 Единство Раскажувач Документарен филм
2015 Луда повреда Колт
2016 Yamasong: March of the Hollows Гета Гласовна улога
Постпродукција[56]
2017 Љубов Соња Рашми Постпродукција[57]
2018 Книга за џунглата Ракша Постпродукција

Музички видеа[уреди | уреди извор]

Година Песна Пејач Албум
2013 Gorilla Бруно Марс Unorthodox Jukebox

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lindzi, Scharf (May 2012). What's now! Parties. „InStyle“ (Time Inc.): 108. ISBN 7-09-921064-5. 
  2. Woman behind success“, „The Tribune (Chandigarh)“, 9 март 2009 (конс. 28 ноември 2015 г).
  3. 3,0 3,1 Sung, Helena. Destiny's Child. „Audrey (magazine)“ (February – March 2009). http://www.audreymagazine.com/index.php?element=cover_story&archive=409. конс. 29 април 2009 г. 
  4. Hubert, Andrea. „Desi mates“, „The Guardian“, 3 јануари 2009 (конс. 20 септември 2015 г).
  5. D'Mello, Gerry (25 ноември 2008). „The Newest Star on the Mangalorean Horizon – Freida Pinto“. Daijiworld Media. http://www.daijiworld.com/news/news_disp.asp?n_id=53994. конс. 25 ноември 2008 г. 
  6. Huber-Warring, Tonya (2010). Storied Inquiries in International Landscapes: An Anthology of Educational Research. Information Age Publishing. стр. 511. ISBN 978-1-60752-395-6. https://books.google.com/books?id=p4iml45o3boC&pg=PA511. конс. 20 ноември 2015 г. 
  7. Gant, Charles. „Slumdog Millionaire is the UK's biggest ever sleeper hit“, „The Guardian“, 20 јануари 2009 (конс. 29 октомври 2015 г).
  8. „Slumdog Millionaire“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=slumdogmillionaire.htm. конс. 29 ноември 2015 г. 
  9. Elsworth, Catherine. „Oscars 2009: Slumdog Millionaire wins eight Academy Awards including best picture and best director“, „The Daily Telegraph“, 23 февруари 2009 (конс. 30 октомври 2015 г).
  10. „Octavia Spencer to Receive Breakthrough Performance Award“. Palm Springs International Film Festival. 12 јули 2011. http://www.psfilmfest.org/festival/news/detail.aspx?NID=309&FID=53&year=2011. конс. 11 септември 2015 г. 
  11. „Slumdog Millionaire bags 2 more US film awards as well as picking up 8 awards at the oscars.“. CNN-IBN. 26 јануари 2009. http://www.ibnlive.com/news/india/sag-slumdog-307173.html. конс. 1 февруари 2009 г. 
  12. „Film Awards Winners in 2009“. British Academy of Film and Television Arts. архивирано од оригиналот на 11 октомври 2014. https://web.archive.org/web/20141011144905/http://www.bafta.org/film/awards/2009,2378,BA.html. конс. 25 април 2013 г. 
  13. 13,0 13,1 Blair, Iain. „Freida Pinto rises up in new 'Planet of the Apes'“, 4 август 2011 (конс. 11 септември 2015 г).
  14. Slumdog to stardom: How Freida Pinto has adapted to the demands of fame“, „The Independent“, 13 јули 2011 (конс. 11 септември 2015 г).
  15. Scott, A. O.. „Looking for Something When Life Signifies Nothing“, „The New York Times“, 21 септември 2010 (конс. 16 април 2013 г).
  16. Verma, Sukanya (17 декември 2010). „A twisted Woody Allen fairytale!“. Rediff.com. http://www.rediff.com/movies/report/review-you-will-meet-a-tall-dark-stranger/20101217.htm. конс. 16 април 2013 г. 
  17. „You Will Meet a Tall Dark Stranger“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/you-will-meet-a-tall-dark-stranger. конс. 29 ноември 2015 г. 
  18. „You Will Meet a Tall, Dark Stranger (2010)“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/you_will_meet_a_tall_dark_stranger/. конс. 29 ноември 2015 г. 
  19. 19,0 19,1 Joshi, Tushar. „Freida's freed herself from desi stereotypes“, „The Times of India“, 30 мај 2012 (конс. 11 септември 2015 г).
  20. 20,0 20,1 Adams, Sam. „Miral's Freida Pinto aims for a global takeover“, „Los Angeles Times“, 27 март 2011 (конс. 19 септември 2015 г).
  21. „Miral (2010)“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/miral. конс. 29 ноември 2015 г. 
  22. „Miral (2010)“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/miral/. конс. 29 ноември 2015 г. 
  23. J Pais, Arthur (22 март 2011). „Freida Pinto gets good reviews for Miral“. Rediff.com. http://www.rediff.com/movies/report/freida-pinto-gets-good-reviews-for-miral/20110322.htm. конс. 22 септември 2015 г. 
  24. Bagdadi, Danish. „All 8 ‘The Planet of the Apes’ Movies Ranked from Worst to Best“, „Daily News and Analysis“, 12 јули 2014 (конс. 11 септември 2015 г).
  25. „Freida Pinto out of 'Planet of the Apes' sequel“. Mid Day. 4 јуни 2013. http://www.mid-day.com/articles/freida-pinto-out-of-planet-of-the-apes-sequel/216467. конс. 11 септември 2015 г. 
  26. „Freida Pinto: Worldwide (Unadjusted)“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/people/chart/?view=Actor&id=freidapinto.htm. конс. 23 март 2016 г. 
  27. French, Philip. „Slumdog Millionaire star Freida Pinto captivates in Michael Winterbottom's bold reading of Hardy's tragedy“, „The Guardian“, 11 март 2012 (конс. 22 февруари 2016 г).
  28. Collin, Robbie. „Trishna, review“, „The Daily Telegraph“, 8 март 2012 (конс. 16 април 2013 г).
  29. „Trishna“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/trishna. конс. 29 ноември 2015 г. 
  30. „Trishna (2012)“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/trishna_2011/. конс. 29 ноември 2015 г. 
  31. Pringle, Gill. „Freida Pinto: An actress who has the whole world at her feet“, „The Independent“, 17 февруари 2012 (конс. 11 септември 2015 г).
  32. Webster, Andy. „Blood Spills Over Black Gold“, „The New York Times“, 2 март 2013 (конс. 29 ноември 2015 г).
  33. Freida Pinto takes on Immortals“, „The Indian Express“, 23 јули 2010 (конс. 25 септември 2010 г).
  34. „Immortals (2011)“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/immortals_2011/. конс. 29 ноември 2015 г. 
  35. De, Shobhaa. „Why did Freida Pinto do pole dance?“, Mumbai Mirror reprinted by The Times of India, 26 октомври 2013 (конс. 29 ноември 2015 г).
  36. Bruno Mars: Gorilla“, „The Times of India“ (конс. 20 декември 2015 г).
  37. Goyal, Samarth. „Freida Pinto stuns fans with dirty dancing in Bruno Mars“, „Hindustan Times“, 17 октомври 2013 (конс. 24 ноември 2013 г).
  38. Freida Pinto, Anne Hathaway join Girl Rising documentary“, „The Indian Express“, 17 април 2013 (конс. 11 мај 2013 г).
  39. Freida Pinto: Dancing diva“, „Khaleej Times“, 7 февруари 2015 (конс. 11 септември 2015 г).
  40. Webster, Andy. „Review: 'Desert Dancer' Tells the Story of the Afshin Ghaffarian“, „The New York Times“, 9 април 2015 (конс. 30 ноември 2015 г).
  41. Joshi, Priya (13 октомври 2012). „Freida Pinto: 'Dance training for Desert Dancer was daunting“. Digital Spy. http://www.digitalspy.co.uk/bollywood/news/a430306/freida-pinto-dance-training-for-desert-dancer-was-daunting.html. конс. 16 април 2013 г. 
  42. „Freida Pinto goes to rehab for her next role“. India Today. 6 јуни 2014. http://indiatoday.intoday.in/story/freida-pinto-rehab-visit-desert-dancer-role/1/365522.html. конс. 22 февруари 2016 г. 
  43. O'Falt, Chris. „The Lowdown on Terrence Malick's Three New Films“, „The Hollywood Reporter“, 3 септември 2014 (конс. 29 ноември 2015 г).
  44. Mcgovern, Joe (3 март 2016). „Wes Bentley discusses Knight of Cups and the Terrence Malick experience“. Entertainment Weekly. http://www.ew.com/article/2016/03/03/wes-bentley-terrence-malick-knight-cups. конс. 23 март 2016 г. 
  45. Bradshaw, Peter. „Knight of Cups review: Malick's back! With the least interesting spiritual crisis in history“, „The Guardian“, 8 февруари 2015 (конс. 23 март 2016 г).
  46. „Programme 2015“. Berlin International Film Festival. http://www.berlinale.de/en/archiv/jahresarchive/2015/02_programm_2015/02_programm_2015.html. конс. 27 октомври 2015 г. 
  47. Sexton, David. „Berlin Film Festival: Knight of Cups – film review: Christian Bale, Cate Blanchett and Natalie Portman star in Terrence Malick's latest“, „London Evening Standard“, 13 февруари 2015 (конс. 11 септември 2015 г).
  48. „Knight of Cups“. Rotten Tomatoes. http://www.rottentomatoes.com/m/knight_of_cups/?search=knight%20of%20cu. конс. 29 ноември 2015 г. 
  49. „Knight of Cups reviews“. Metacritic. http://www.metacritic.com/movie/knight-of-cups. конс. 29 ноември 2015 г. 
  50. McNary, Dave (23 јули 2015). „Christian Bale's 'Knight of Cups' Gets March Release Date“. Variety. http://variety.com/2015/film/news/knight-of-cups-release-date-christian-bale-1201547089/. конс. 21 мај 2016 г. 
  51. McNary, Dave (22 април 2015). „Documentary 'Unity' Set for Aug. 12 Release with 100 Star Narrators“. Variety. http://variety.com/2015/film/news/documentary-unity-set-for-aug-12-release-with-100-star-narrators-1201477200/. конс. 11 септември 2015 г. 
  52. McNary, Dave (31 октомври 2014). „AFM: Ryan Kwanten-Mickey Rourke's 'Blunt Force Trauma' Heads to Voltage“. Variety. http://variety.com/2014/film/news/ryan-kwanten-blunt-force-trauma-mickey-rourke-1201344710/. конс. 21 февруари 2016 г. 
  53. Freida Pinto reunites with Andy Serkis for Jungle Book: Origins“, „The Indian Express“, 9 мај 2015 (конс. 11 септември 2015 г).
  54. „Freida Pinto Filmed Knight of Cups Without a Script. She Had 'Fun'“. NDTV. 17 март 2016. http://movies.ndtv.com/hollywood/freida-pinto-filmed-knight-of-cups-without-a-script-she-had-fun-1288163. конс. 23 март 2016 г. 
  55. Murphy, Desiree (3 март 2016). „EXCLUSIVE: Freida Pinto Reveals the Role She's Playing in 'Jungle Book: Origins'“. Entertainment Tonight. http://www.etonline.com/news/183730_freida_pinto_exclusive_reveals_what_role_she_is_playing_andy_serkis_jungle_book_origins/. конс. 20 јули 2016 г. 
  56. Trivedi, Sachin. „'The Mindy Project' Season 4: Freida Pinto To Date Danny; 'Dancing with the Stars' Brooke Burke Playing Herself“, „International Business Times“, 28 јули 2015 (конс. 13 октомври 2015 г).
  57. Jha, Subhash K.. „How Freida Pinto managed to shoot on Mumbai roads for an upcoming film“, „Daily News and Analysis“, 23 мај 2016 (конс. 23 мај 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]