Прејди на содржината

Фредерик VIII Дански

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фредерик VIII од Данска)
Фредерик VIII
1909 photograph of King Frederick
Фотографија од Фредерик VIII, околу 1909
Крал на Данска
На престол29 јануари 1906 – 14 мај 1912
ПретходникКристијан IX
НаследникКристијан X
Роден(а)Фредерик Кристијан Вилхелм Карл од Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Глуксбург
3 јуни 1843(1843-06-03)
Жолта палата во Копенхаген, Данска
Починал(а)14 мај 1912(1912-05-14) (возр. 68)
Хамбург, Германско Царство
Почивалиште
Катедралата Роскилде
СопружникЛуиза од Шведска (в. 1869)
Деца
Detail
Полно име
Кристијан Фредерик Вилхелм Карл
ДинастијаГликсбурговци
ТаткоКристијан IX Дански
МајкаЛуиза од Хесен-Касел
ВероисповедЛутеран

Фредерик VIII (целосно име: Кристијан Фредерик Вилхелм Карл дански: Christian Frederik Vilhelm Carl; 3 јуни 1843 — 14 мај 1912) — крал на Данска од 29 јануари 1906 до неговата смрт во 1912 година.

Тој бил најстар син на кралот Кристијан IX, наречен Свекор на Европа, Фредерик бил поврзан со кралското семејство низ цела Европа. Бил наследник на данскиот престол, а како престолонаследник поминал повеќе од 42 години. За време на долгото владеење на неговиот татко (1863 – 1906), тој во голема мера бил исклучен од политичките работи.[1] Учествувал во данско-германската војна во која Данска ги загубила војводствата Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург.

По смртта на неговиот татко во 1906 година, стапил на престолот на 62-годишна возраст. Фредерик VIII бил либерален монарх, и за разлика од татко му бил многу поприфатлив за новиот парламентарен систем воведен во Данска во 1901 г., поради тоа што бил реформски настроен и благонаклонет кон демократијата. Меѓутоа, поради тоа што доцна застанал на престолот, владеењето на Фредерик траело само шест години, во чиј тек бил измачуван од кревко здравје.

Семејство

[уреди | уреди извор]

Се оженил со принцезата Луиза од Шведска (1851 – 1926), со која имал осум деца:

  • Кристијан X (1870 - 1947) - престолонаследник и крал на Данска (1912 - 1947)
  • Хокон VII (1872 - 1957) - дански принц и норвешки крал (1905 - 1957)
  • Луиз од Шаумбург-Липе (1875 – 1906) - принцеза; се омажила со принцот Фридрих од Шаумбург-Липе во 1896 година
  • Харалд (1876 – 1949) - дански принц; генерал мајор
  • Инјеборг од Вестерготланд (1878 – 1958) - принцеза; се омажила во 1897 година со принцот Карл, војводата од Вестергетланд
  • Тира (1880 – 1945) - данска принцеза; не се омажила и немала деца
  • Густав (1887 – 1944) - дански принц; не се оженил и немал деца
  • Дагмар (1890 – 1961) - принцеза; се оженил со Јорген Кастенскјолд во 1922 година
  1. „Frederik (Christian F. Vilhelm Carl) f. 1843, Kronprins“. Dansk biografisk Lexikon. Посетено на 1 November 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]