Фрајштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фрајштат
Freistadt
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Фрајштат
Грб
Местоположба во округот Фрајштат
Местоположба во округот Фрајштат
ЗемјаАвстрија
ПокраинаГорна Австрија
ОкругФрајштат
Управа
 • ГрадоначалникЕлизабет Парута-Тојфер (ÖVP)
Површина
 • Вкупна12,88 км2 (497 ми2)
Надм. вис.&10000000000000560000000560 м
Население (1.1.2018)
 • Вкупно7.909
 • Густина6.1/км2 (16/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.4240
Повик. бр.07942
Рег. таб.FR
Мреж. местоfreistadt.at

Фрајштат (германски: Freistadt, чешки: Cáhlov) — гратче во областа Милфиртел, Горна Австрија, стопанско и управно седиште на истоимениот округ Фрајштат. Населението брои 7909 жители (1 јануари 2018). Најблиски поголеми градови се Линц (седиште на Горна Австрија) на 40 км јужно и Ческе Будјејовице (седиште на Јужночешкиот крај), на 60 км на север.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Фрајштат потпаднало под владение на Војводството Баварија во VII век.

Фрајштат е основан пред 1220 г. Познато е дека во 1225 г. низ ова место поминал војводата Леополд VI. Како населено место за првпат се спомнува во документ во 1241 г. како „Фринштат“ (Frienstat), а потоа во документ на кралот Рудолф I Хабсбуршки во 1277 г. како „Фрајнштат“ (Vreinstat). Гратчето се наоѓало на границата помеѓу хабсбуршките и чешките земји и крстосница на патиштата по кои се одвивала трговијата со сол и железо, од праисторијата до средновековието. Ѕидините на стариот град заедно со кулите и портите постојат и денес, а изградени се помеѓу 1363 и 1393 г.

Гратчето настрадало во француските походи во 1805 и 1809 г. за време на Наполеонските војни. Во 1918 г. влегло во состав на сојузната покраина Горна Австрија. Со присоединувањето на Австрија кон Германија во 1938 г., месноста му припаднала на Горнодунавскиот крај (гау), каде останала сè до 1945 г. кога е вратена во Горна Австрија.

Составни населени места[уреди | уреди извор]

Како општина, Фрајштат ги опфаќа следниве населени места, наведени со нивните населенија (на 1 јануари 2018[1]):

  • Галгенау (Galgenau, 5 жит.)
  • Санкт Петер (Sankt Peter, 278 жит.)
  • Трелсберг (Trölsberg, 229 жит.)
  • Фрајштат (Freistadt, 7397 жит.)

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Главниот влез во стариот град е низ Линчката порта (Linzer Tor). Околу пространиот главен плоштад се стари домови на некогашните градски големци. На највисоката точка се издига црквата „Св. Катерина“, изградена во XIV - XV век во готски стил. Во 1690 г. е преработена во барокен стил, каква што останала до 1967 г. кога ѝ е повратен првобитниот изглед. Во североисточниот агол на плоштадот стои порта која води до Фрајштатскиот замок (XIV в.). Главната кула на замокот е висока 50 м и во неа денес е сместен Милфиртскиот дворски музеј (Mühlviertler Schlossmuseum) кој е од месно значење, познат по големата збирка на стакло со златорез и икони. Од другата страна на Чешката порта (Böhmertor) се наоѓа малата Богородична црква (Liebfrauenkirche, XV в.) со забележителни издолжени прозорци наречени „столбови од светлина“, изработени во 1484 г.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]