Фрајберг

Од Википедија — слободната енциклопедија

За југозападниот германски град во покраината Баден-Виртемберг, видете Фрајбург.

Фрајберг

Freiberg

Градското собрание на Фрајберг
Градското собрание на Фрајберг
Градското собрание на Фрајберг
Грб на Фрајберг
Фрајберг во рамките на Германија
Фрајберг
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Средна Саксонија
Градски единици 12
Градоначалник Бернд-Ервин Шрам (независен)
Основни податоци
Површина 48,05 км2
Надм. височина 400 м
Население 39.948 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 831 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FG
Пошт. бр. 09599
Повик. бр. 03731
Портал www.freiberg.de
Местоположба на градот Фрајберг во рамките на округот Средна Саксонија
Карта
Карта
Координати 50°54′43″N 13°20′34″E / 50.91194° СГШ; 13.34278° ИГД / 50.91194; 13.34278Координати: 50°54′43″N 13°20′34″E / 50.91194° СГШ; 13.34278° ИГД / 50.91194; 13.34278

Фрајберг (германски: Freiberg; буквално слободна планина) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот претставува административен центар на округот Средна Саксонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил основан во 1186 година и со векови бил центар на рударската индустрија во Рудните Планини. Симболот на таа историја е Универзитетот за рударство и технологија Фрајберг, често нарекуван само како Рударска академија (Bergakademie), основан во 1765 година и е најстариот универзитет за рударство и металургија во светот. Фрајберг исто така ја има познатата катедрала, која ги содржи двете познати оргули на Готфрид Зилберман. Постојат уште две други оргули направени од Готфрид Зилберман - едните во црквата Свети Петар (Petrikirche) а другите во црквата Свети Јаков (Jacobikirche). Средновековниот дел на Фрајберг се наоѓа под заштита.

Реката Фрајбергер Мулде поминува низ територијата на градот, но не и низ самиот град.

Во 1944 година, надвор во градот бил изграден подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг. Во него биле сместени 500 женски затворенички од други кампови. Кампот функционирал сè до неговата евакуација во април 1945.

Во 1985 година, Мормоните изградиле нивен храм во Фрајберг, поради големиот број на членови во овој регион. Храмот ги опслужува Мормоните од целата Источна Германија и поголем дел од Источна Европа.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја во Фрајберг се одржува Градскиот рударски фестивал (Bergstadtfest) во последната недела во јуни со поворка на историските еснафски здруженија на рударите и леарите, т.н. Рударска парада. Божиќниот пазар во Фрајбер се одржува при крајот на декември, кога се одржува т.н. Mettenschicht со парада на еснафските здруженија и музичкото здружение на рударите SAXONIA. Ова ја вклучува и традиционалната црковна служба во црквата Свети Петар и чекањето на рударите во втората сабота од Адвент. Цврсто заснован е и собирот на грнчарите во втората половина на април на Горниот плоштад (Obermarkt). Други годишни настани се уметничката награда Фрајберг и изборот на Градска рударска кралица (Bergstadt-Königin).

Фрајбершката торта Eierschecke

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Фрајберг е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. Збратимени градови Архивирано на 8 август 2009 г. (од официјалната страница на градот)
  3. „Список на збратимени градови во округот Рур“ (PDF). © 2009 Twins2010.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-28. Посетено на 2009-10-28. Надворешна врска во |publisher= (help)
  4. „Збратимени градови“. Општина Нес Циона. Архивирано од изворникот на 2009-04-10. Посетено на 2008-04-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]