Фран Лотка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фран Лотка
Fran Lhotka (1883-1962).jpg
Роден 25 декември 1883
Млада Вожица, Австроунгарија
Починал 26 јануари 1962
Загреб, СФРЈ
Националност Чех
Занимање композитор

Фран Лотка (25 декември 1883, Млада Вожица - 26 јануари 1962, Загреб) — чешки неоромантичарски композитор.

Фран Лотка бил чешки композитор кој живеил во Загреб. Тој компонирал во неоромантичен стил, честопати базиран на хрватски фолклор. Најголеми успеси тој постигнал со балетите „Ѓаволот на село“ и „Балада за една средновековна љубов“ . Пишувал и музички учебници[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој дошол во Загреб во 1909 година и станал пкорепетитор и прв корниста во операта. Подоцна станал учител на музичката школа на Хрватскиот музички институт.

Како учител по хармонија, тој ги едуцираше скоро сите хрватски современи композитори. Фран Лотка создава дела по форма, едноставни и транспарентни, ритмички богати и полни со одлични контрастни звуци. Неговите мелодии се потпираат на хрватскиот фолклор, беспрекорно оркестрирани[2].

Творештво[уреди | уреди извор]

Тој компонирал оркестарски, камерни и дела пијано како и сценски дела: операта „Минка и морето“, балетите „Ѓаволот во селото“ и „Баладата за средновековната љубов“, како хорски и соло и песни. Денес средното музичко училиште во Сисак го носи неговото име[3]. Исто така познат е и како композитор на филмска музика. поистакнати се музичките илустрации за филмовите „Ќе живее овој народ“ и „Господар на своето тело“[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]