Франческо I Сфорца
Франческо I Сфорца | |
---|---|
Роден(а) | 23 јули 1401 Сан Минијато |
Починал(а) | 8 март 1466 Милано | (возр. 64)
Благородно семејство | династија Сфорца |
Сопружник(ци) | Полисена Руфо Бјанка Марија Висконти |
Татко | Муцио Сфорца |
Мајка | Луција де Торсано |
Франческо I Сфорца (роден на 23 јули 1401 - починал на 8 март 1466) бил војвода од Милано и основач на династија Сфорца во Милано. Тој е познат како еден од најспособните војсководачи во периодот на италијанската ренесанса.
Животопис
[уреди | уреди извор]Франческо Сфорца е роден во Сан Минијато, Тоскана како еден од седумте незаконски синови на кондотиерот Муцио Атендоло Сфорца и Луција де Торсано. Во 1418 година се оженил со Полисена Руфо. Со својата војска, тој ѝ служел на династијата Висконти во борбата против Венецијанската Република при што наместо да му се спротивстави на непријателот, тој се спогодил со напаќачите и им дал територијални отстапки. Во 1432 година, тој се оженил со Бјанка Марија Висконти, единствената ќерка на владетелот на Милано, Филипо Марија Висконти, а со тоа на Франческо му биле доделени Понтремоли и Кремона. По смртта на војводата Висконти (во 1477 година), Франческо Сфорца стекнал власт над целата Ломбардија. Во 1433 година, Франческо Сфорца го предводел нападот против папските членки. Во 1450 година станал војвода на Милано, заедно со неговата сопруга.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Komentari“. Во: Nikolo Makijalveli, Vladalac, 5. izdanje. Beograd: Akia Mali princ, 2018, стр. 117-118.
|