Франц Дофлајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Франц Дофлајн (5 април 1873, Париз – 24 август 1924) бил германски зоолог познат по своите студии од анималната екологија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Студирал на Универзитетот во Минхен, каде влијание врз него извршил Ричард Хертвиг. Во 1895-1896 работел како помошен асистент на Александар Гете, по што ги истражувал болестите на рибите во Минхен како асистент на Бруно Хофер. Во 1898 учествувал на студиско патување во Западните Инди, Мексико и Калифорнија.

За време на Првата светска војна, бил еден од најзначајните членови на т.н. 'Македонска земска комисија', составена од 30 Германци и шестмина Бугари, која имала задача за време на војната да ја истражува и проучува Македонија.