Француски конзулат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Француски конзулат

Consulat français
Извршна влада на Првата Француска Република
Coat of arms or logo
Тројцата конзули, Жан Жак Режи де Камбакерес, Наполеон Бонапарта и Шарл-Франсоа Лебрун (од лево кон десно). Слика од Огист Кудер
Историја
Established10 ноември 1799
Disbanded18 мај 1804
Претходен составФранцуски директорат
Следен составПрво Француско Царство
со Наполеон Бонапарта како цар
Дел од темата Франција

Историја на Франција

Flag of France.svg
Античка историја

Праисториска Франција
Галија
Римска Галија
Франки
Меровинзи

Среден век

Каролинзи
Капетинска династија
Династија Валоа
Династија Бурбони
Француска револуција

19 век

Прва Француска Република
Национален конвент
Француска директорија
Француско конзулство
Прво Француско Царство
Бурбонска рестарвација
Јулска револуција
Јулска монархија
Француска револуција 1848
Второ Француско Царство
Трета Француска Република
Париска комуна

20 век

Вишиевска Франција
Привремена влада на Франција
Четврта Француска република
Пета Француска република

Портал:Франција

Конзулатот (француски: Le Consulat) била влада на Првата Француска Република откако со пучот од 18 брумер (10 ноември 1799) бил соборен Директоратот до создавањето на Наполеоновото Царство (18 мај 1804). Терминот Конзулат понекогаш се употребува да се опише овој период од француската историја.

Поради тоа што за време на Конзулатот биле креирани институции кои опстоиле долго време, Роберт Б. Холтман го нарекол Конзулатот „еден од најважните периоди во целата француска историја“. [1] Наполеон лично и авторитарно владел со Конзулатот, владеење кое се сметало за воена диктатура.[2]

Падот на Директорската влада[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пуч од 18-ти бример.
5f Бонапарта Премиер конзул - AN XI - 1802 година

Катастрофалните порази на француската армија во 1798 и 1799 ја поткопало стабилноста на Директоратот и тој пополека ја губел довербата од Советите за на крајот во ноември 1799 година да биде укинат. Историчарите сметаат дека политичкиот пад на Директоратот започнал на 18 јуни 1799 (Пуч на 30-ти праириал VII според францускиот републикански календар). Тогаш антијакобинскиот директор Емануел-Жозеф Сијес, по само еден месец на функцијата, со помош на Пол Барас, исто така антијакобинец, се ослободил од другите тројца тогашни директори. По изборите за нови членови на двата совета во април 1799, неојакобинциле создале парламентарно мнозинство во двете тела. Незадоволни од петчлениот Директорат, на 5 јуни 1799 година, овие совети откриле техничка неправилност при Изборот на директорот Жан Батист Треилхард, и бил заменет со Луј Жером Гоје, јакобинец кој ги задоволувал интересите на двата совета. Следниот ден, на 18 јуни 1799 година, антијакобинците Филип-Антоан Мерлин (Мерлин де Дуаи) и Луј-Мари де Ла Ревелиер- Лепо исто така биле принудени да поднесат оставка. Биле заменети со јакобинскиот барон Жан-Франсоа-Огист Мулен и со не-јакобинецот, или „слабиот“ Јакобин, Роже Дукос. Петчлениот Директорат сѐ уште бил во антијакобински раце, но немале големо мнозинство како претходно.

Сијес кој бил на чело на Директоратот, увидел дека за потребните измени во уставот ќе биде потребна „глава“ (неговата) и „меч“ (генерал што ќе го поддржи). Жан Виктор Моро како негов меч бил недостапен, а Сијес го фаворизирал Бартелеми Катрин Жубер; но откако Жубер загинал во битката кај Нови (15 август 1799), Сијес се свртел кон генералот Наполеон Бонапарта.

Бонапарта, се вратил во Франција по победите на Истокот, а и двете фракции во советите го поздравиле како спасител на земјата. Бил почитуван од ројалистите затоа што потекнувал од мало благородничко семејство од Корзика, а од Јакобинците затоа што го потиснал обидот за државен удар на ројалистите на почетокот од владеењето на Директоратот.

Со пучот од 18 Брумер, VIII година (9 ноември 1799), Наполеон ја презел парламентарната и воената власт, и ги принудил тогашните владини директори да поднесат оставка. Ноќта на 19 Брумер (10 ноември 1799) Советот на старите го укинал Уставот од годината III, наредил создавање на конзулатот и со Уставот од годината VIII го озаконил државниот удар во корист на Бонапарта.

Нова влада[уреди | уреди извор]

Пучот од 18-ти Брумар требало да биде победа за Сијес, а не за Бонапарта. Сијес бил поборник за нов систем на владеење со Републиката, а државниот удар гарантирал дека замислениот систем ќе стапи на сила. Умешноста на Бонапарта се состои во тоа што тој ги споредил плановите на Пјер Клод Франсоа Дауну и оној на Сијес, и да ги вклучи само деловите кои можат да ја задоволат неговата амбиција.[3]

Устав на VIII година, а подоцна и Француското Царство

Новата влада била составена од три парламентарни собранија: Државен совет кој подготвувал нацрт-закони, Трибунат кој не можел да ги гласа нацрт-законите и само расправал за нив, и Законодавно тело, чии членови не дебатирале по нацрт-законите и само гласале за нив. Советот на сенатот бил владино тело рамноправно со трите гореспоменати законодавни собранија и ги верификувало нацрт-законите и директно го советувал Првиот конзул за последиците од тие закони. Врховната извршна власт била доделена на тројца конзули, избирани на десет години. Четирите горенаведени владини органи биле задржани и според Уставот од XII година, со кој Наполеон се признава како француски суверен цар, но имале многу помали овластувања.

Наполеон ставил вето на првичната идеја на Сијес за единствен Велик пратеник кој ќе има врховна извршна власт и ќе биде шеф на државата. Сијес оваа важна позиција ја посакувал за себе, и со тоа што Наполеон го одбил помогнал во зајакнувањето на авторитетот на конзулите, функција која тој ќе ја преземе. Сепак, Наполеон не можел да се задоволи да биде член на рамноправен триумвират. Со тек на годините, тој се зафатил со зацврстување на сопствената моќ како прв конзул, а другите двајцата конзули, Жан Жак Режис де Камбакерес и Шарл-Франсоа Лебрун, како и собранијата, биле слаби и потчинети на него.

Со зацврстување на власта, Бонапарта успеал да го измени аристократскиот устав од Сијес во прикриена диктатура .

На 7 февруари 1800 година, преку јавен референдум бил потврден новиот устав. Со него целата моќ била во рацете на првиот конзул, а другите двајца конзули имале само церемонијална улога. 99,9 посто од гласачите на рефернедумот го одобриле уставот.

Зацврстување на моќта на Наполеон[уреди | уреди извор]

Портрет на првиот конзул Бонапарта, од Жан-Огист-Доминик Енгр

Бонапарта морал да се ослободи од Сијес и од републиканците кои не сакале раководењето со републиката да ја доверат на еден човек. Победата кај Маренго (14 јуни 1800) му помогнала во неговата амбиција за зголемување на популарноста. Кралскиот заговор од 24 декември 1800 му дал прилика да се пресмета со демократските републиканци, кои иако невини биле депортирани во Француска Гвајана. Тој ги поништил собранијата, а направил Сенатот да има неограничена моќ за уставните прашања..

По Договорот од Луневил, потпишан во февруари 1801 со Австрија, мирот завладеал во Европа, а на Франција ѝ била дадена скоро цела Италија. Поради ова Бонапарта лесно ги елиминирал лидерите од опозицијата од собранијата во расправата за Граѓанскиот законик. Конкордатот од 1801 година, составен не во интерес на црквата, туку во интерес на неговата лична политика, му дозволил да ја сруши уставната демократска црква и да им го одземе најдоброто оружје на ројалистите.

По Амиенскиот мир (25 март 1802) со Обединетото Кралство, имал изговор дека како миротворец ќе се прогласи себеси за Конзул, не на десет години, туку доживотно, во знак на благодарност од нацијата. Рубиконот бил преминат тој ден: Маршот на Бонапарта кон царство започнал со Уставот на годината X од (16 Термидор) 4 август 1802 година.

На 2 август 1802 година (14 Термидор, Х), се одржал втор национален референдум, овој пат за да се потврди Наполеон како „Прв доживотен конзул“. [4] Уште еднаш, 99,7% од гласачите го прифатиле предлогот. [5] [6]

Со зголемувањето на својата моќ, Наполеон во својата нова апсолутистичка форма на владеење презел некои техники од Стариот поредок.

Франција конечно уживала во ред и мир и ред. Пред тоа, Париз честопати страдал од глад и жед, и немал оган ни светлина, но под Наполеон, намирниците биле евтини и ги имало во изобилство, истовремено трговијата напредувала, а платите биле високи.

За да ја зајакне државната машинерија, Наполеон го создал елитниот ред Легија на честа (Légion d'honneur), Конкордатот, и ги вратил индиректните даноци, чин кон кој се гледа како предавство на Револуцијата.


За разлика од противењето на сенаторите и републиканските генерали, мнозинството од француското население останало некритички настроено кон авторитетот на Бонапарта.

Конзули[уреди | уреди извор]

Привремени конзули (10 ноември – 12 декември 1799 година)
Наполеон Бонапарта Емануел Жозеф Сијес Роже Дуко
Конзулат (12 декември 1799 – 18 мај 1804 година)
Наполеон Бонапарта
Прв конзул
Ж. Ж. Камбакерес
Втор конзул
Шарл-Франсоа Лебрун
Трет конзул

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert B. Holtman, The Napoleonic Revolution (Baton Rouge: Louisiana State University Press, 1981), 31.
  2. Jones, Colin (1994). The Cambridge Illustrated History of France (изд. 1st.). Cambridge University Press. стр. 193–94. ISBN 0-521-43294-4.
  3. Antoine-Claire Thibaudeau, "Creation of the Consular Government," Napoleon: Symbol for an Age, A Brief History with Documents, ed. Rafe Blaufarb (New York: Bedford/St. Martin’s, 2008), 54–56.
  4. „From Life Consulship to the hereditary Empire (1802–1804)“. Napoleon.org. Посетено на 9 January 2012.
  5. Frank McLynn (2002). Napoleon. Arcade Publishing. стр. 253–54. ISBN 978-1-55970-631-5. August 1802 referendum.
  6. Lucius Hudson Holt, Alexander Wheeler Chilton (1919). A Brief History of Europe from 1789–1815. The Macmillan Company. стр. 206. August 1802 referendum napoleon.CS1-одржување: користи параметар authors (link)

Библиографија[уреди | уреди извор]

 Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостWiriath, Paul (1911). „France § History“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Енциклопедија Британика. 10 (изд. XI.). Cambridge University Press. стр. 859–860.CS1-одржување: ref=harv (link) </img> Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостWiriath, Paul (1911). „France § History“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Енциклопедија Британика. 10 (изд. XI.). Cambridge University Press. стр. 859–860.CS1-одржување: ref=harv (link)