Прејди на содржината

Француски воени гробишта (Горно Јаболчиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француски воени гробишта во Горно Јаболчиште
Поглед на гробиштата со спомен-плочата
Податоци
МестоГорно Јаболчиште
ЗемјаМакедонија Македонија
Координати41°43′39.1″N 21°29′24.4″E / 41.727528°N 21.490111°E / 41.727528; 21.490111
Типвоени

Француски воени гробишта во Горно Јаболчиште — воени гробишта во селото Горно Јаболчиште на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.

Гробиштата, заедно со спомен-плочата, биле обновени во 2023 година од страна на француската амбасада во Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Гробиштата се наоѓаат на самиот влез во селото Горно Јаболчиште.

Историја

[уреди | уреди извор]

Четворицата француски војници, по националност Мароканци, биле убиени пред завршувањето на Првата светска војна на 27 септември 1918 година од страна на германски војници. Настанот се случил при пробивот на Македонскиот фронт кога мароканските спахии пристигнале во селото и го ослободиле.[1]

Гробиштата биле откриени од страна на професорот Веле Алексоски, кој предавал француски јазик во селото, кога барал терен каде децата можеле да се рекреираат. Постарите му рекле дека има терен кај Француските гробишта, а старец кој имал 18 години за време на настанот му ја раскажал случката.[1]

Спомен-плочата, заедно со гробиштата, биле обновени и уредени во 2023 година, а на настанот присуствувале и воени аташеа на Германија, Италија и Бугарија во Македонија.[1]

  1. 1 2 3 4 „ПОСТАВЕНА СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА 105 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ФРАНЦУСКИТЕ ВОЈНИЦИ МАРОКАНЦИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА КАЈ ГОРНО ЈАБОЛЧИШТЕ“. Сакам Да Кажам. 2023-10-18. Посетено на 2025-08-31.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]