Француска Екваторијална Африка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Француска Екваторијална Африка
Afrique équatoriale française
Федерација на Француски колонии (1910–1934)
Француска колонија (1934–1958)[1]

 

 

 

1910–1958


Flag

Француска Екваторијална Африка
Главен град Бразавил
Државно уредување Федерација (1910–1934)
Колонија (1934–1958)
Историја
 -  Основана 15 јануари 1910
 -  Замрела септември 1958
Валута Француски западноафрикански франк
Минати
Следни
Убанги-Шари
Француски Чад
Француски Конго
Француски Камерун
Централна Африканска Република
Чад
Габон
Република Конго
Камерун
Денес во  Камерун
 ЦАР
 Чад
 Конго
 Габон

Француска Екваторијална Африка (француски: Afrique équatoriale française) — федерација на француски колонијални територии во Централна Африка, која се протегала северно од реката Конго до Сахара и се состоела од денешните земји на Чад, Централноафриканска Република, Камерун, Република Конго и Габон.

До 1934 година, Француска Екваторијална Африка претставувала федерација на француски колонии, кои припаѓале на Француска Западна Африка. По 1934 година Француска Екваторијална Африка станала посебен ентитет, а нејзините конститутивни колонии станале познати како региони, а подоцна станале познати како територии во 1937 година[2]. Почнувајќи од 1942 година, Француска Екваторијална Африка била управуван од генерален гувернер, но неговата моќ била ограничена во пракса од централизираната колонијална политика на Франција.

Историја[уреди | уреди извор]

Француска Екваторијална Африка била основана во 1910 година и федерацијата се состоела од пет територии: Француски Конго, Габон, Убанги-Шари, Француски Чад и Француски Камерун (по Првата светска војна), иако последниот не бил организиран како посебен ентитет до 1920 година. Бразавил важел како престолнина на федерацијата и колонијата.

Во 1911 година, Франција отстапила делови од територијата на Германски Камерун како резултат на Втората мароканска криза. Територијата била вратена по поразот на Германија во Првата светска војна, додека поголемиот дел од Камерун станал терирорија под мандат на Лигата на народите.

Во текот на доцните 1920-ти и почетокот на 1930-тите, антиколонијалното движење Société Amicale des Originaires de l'A.E.F. било основано од Андре Мацва[3], барајќи француско државјанство за жителите на територијата[4].

За време на Втората светска војна, федерацијата се приклучила кон Слободните француски сили во август 1940 година, со исклучок на Габон, кој бил под Вишиевска Франција до 12 ноември 1940 година, кога вишиевската администрацијата се предадела. Федерацијата станала стратешки центар за слободните француски активности во Африка.

Во времето на Четвртата Француска република (1946-58) федерацијата била застапена во францускиот парламент. Кога териториите гласале на референдумот во септември 1958 година за да станат автономни во рамките на Француската заедница, федерацијата била распуштена. Во 1959 година, новите републики формирале привремена асоцијација наречена Унија на Централноафрикански републики, пред да станат целосно независни во август 1960 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Naval Intelligence Division (1942), French Equatorial Africa and Cameroons, 258.
  2. Naval Intelligence Division, 258-260.
  3. Ansprenger, Franz (1989). The Dissolution of the Colonial Empires. London: Routledge. стр. 103. https://books.google.com/books?id=NbYOAAAAQAAJ. 
  4. Bazenguissa-Ganga, Rémy (1997) (на fr). Les voies du politique au Congo: essai de sociologie historique. Paris: Karthala. стр. 29. https://books.google.com/books?id=15Qza8LQcFMC. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]