Прејди на содржината

Франсоаз Арнул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франсоаз Арнул
Сликана на посета на Ерусалим, 1958
Роден(а)Франсоаз Анет Мари Матилд Гош
3 јуни 1931(1931-06-03)
Константин, Француски Алжир
Починал(а)20 јули 2021(2021-07-20) (возр. 90)
Париз, Франција
Занимањеглумица
СопружникЖорж Кравен (19561960; разведена)
ПартнерБернар Пол (19641980; до негова смрт)

Франсоаз Арнул (родена Франсоаз Анет Мари Матилд Гош; 3 јуни 1931 20 јули 2021 ) — француска актерка која постигнала популарност во текот на 1950-ти години

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Родена во Константин, Француски Алжир, таа била ќерка на сценската актерка Жанин Анри и артилерискиот генерал Шарл Гош; имала двајца браќа. Додека нејзиниот татко продолжил со воената служба во Мароко, остатокот од семејството се преселил во Париз, под Привремената влада на Француската Република, во 1945 година.

Откако таа студирала драма во Париз, таа била забележана од режисерот Вили Розие, кој ѝ понудил главна улога во филмот „Урнатите“ (1949).

Арнул глумела во филмови како „Забрането овошје“ (1952) на Анри Вернеј, „Француски канкан“ (1954) на Жан Реноар, „Луѓе без значење“ (1956) со Жан Габен, „Мачката“ (1958) на Анри Декоан, „Патот на младоста“ (1959) со Бурвил и „Тестатот на Орфеј“ (1960) на Жан Кокто.

Нејзиното деби во американскиот филм се случил во „Придружници на ноќта“ (1954)./[1]

Подоцна во животот, таа се префрлила на телевизија, појавувајќи се во разни ТВ филмови и на мини-серии. Ја објавила својата автобиографија насловена како „Животна душа на среќа“ во 1995 година.[2]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Во 1956 година, Арнул се омажила за агентот за односи со јавноста Жорж Кравен, кого го запознала две години претходно; тие се разделиле во 1960 година.[3] Од 1964 година па натаму, таа станала придружничка на францускиот режисер/сценарист Бернар Пол, врска која траела до неговата смрт во 1980 година.

Арнул починала на 20 јули 2021 година во Париз, на 90-годишна возраст.[4]

  1. „Beauty Will Debut“. The Los Angeles Times. California, Los Angeles. 16 August 1954. стр. 37. Посетено на 8 January 2019 преку Newspapers.com.
  2. Animal doue de bonheur. Éditions professionelles du livre. 1994. ISBN 2714432441.
  3. Grenier, Christian. „Françoise Arnoul“. DvdToile. Посетено на 30 June 2009.
  4. Décès de Françoise Arnoul, la "Nini" de "French Cancan" de Renoir (на француски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]