Франсис Понж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсис Понж
Francis-Ponge.jpg
Понж во поодминати години
Роден/а27 март 1899
Монпелје, Франција
Починат/а6 август 1988
Бар-на-Лу, Франција
Занимањепоет, есеист
Националностфранцузин

Франсис Понж (27 март 18996 август 1988) — француски поет и есеист. Инспириран од надреализмот, тој развил еден вид прозна поема, детално опишувајќи ги секојдневните предмети. Добитник е на Нојштадската литературна награда во 1974.

Биографија[уреди | уреди извор]

Франсис Понж е роден во протестантско семејство од Монпелје, како син на банкарот Арманд Понж и сопругата Жилиет Сорел.[1] Студирал право на Сорбона во Париз,[1] а воен рок служел во периодот 1918–19. Во 1919 се зачленил во француската социјалистичка партија.[2] Понж работел во париските издавачки куќи Галимар (1923–31) и Хашет (1931–37), а пред почетокот на Втората светска војна кратко бил вработен во осигурителна компанија.[1] Неговите први поеми биле објавени во 1923,[3] а со авторитет во француските книжевни кругови се стекнал најмногу поради текстовите во списанието Nouvelle Revue Français.[2] Уредникот на списанието Жан Полан станал ментор на Понж, и го подучувал многу години. Нивното пријателство траело до смртта на Полан во 1968.[4] За време на 1930-тите Понж бил поврзуван со надреализмот како литературен правец, а се приклучил на француската комунистичка партија во 1937.[2]

За време на Втората светска војна, Понж се приклучил на француското движење за отпор. Работел во националното здружение на новинари 1942–44, а во периодот 1944–46 бил книжевен и уметнички уредник на комунистичкиот неделник L'Action. Комунистичката партија ја напуштил во 1947.[5] Од 1952 до 1965 држел предавања на Француската Алијанса во Париз. Во 1966 и 1967 бил гостински професор на колеџот Барнард и универзитетот Колумбија во САД. Поодминатите години ги живеел повлечено во семејната селска куќа. Починал на возраст од 89 години во Бар-на-Лу.[3] Понж добил и повеќе книжевни награди, меѓу кои: Нојштадската меѓународна литературна награда во 1974, француската државна награда за поезија доделена од француската академија во 1981, големата награда од писателското здружение во 1985. Во 1983 станал носител на орденот „Легија на честа“.[1]

Стил на пишување[уреди | уреди извор]

Во неговото дело Гласот на нештата, Понж прецизно ги опишува обичните поими како портокали, компири, цигари, со поетска сензибилност, но во пасуси, форма која тој ја викал прозна поема, налик на есеј.[1] Понж избегнувал да ги нагласува чувствата и симболите, и се обидел да го пресоздаде светот во кој се искусуваат секојдневните предмети. Тој го опишал сопственото творештво како „опис-дефиниција-книжевна уметност“, во кое се избегнува едноличноста на изразот и неприменливоста на стандардната поезија. Негова основна цел била да се избегне стереотипното размислување. Во Големата збирка од 1961 појаснил дека фокусот на едноставни предмети како стакло, трева, итн. бил насочен кон враќање на моќта и чистотата на јазикот. Во 1967 го издал неговото најпознато дело Сапун, долга прозна поема која според Тајмс „е уникатна токму поради тоа што, често на шега, ја исцрпува темата за која станува збор“.[3]

Дела[уреди | уреди извор]

  • Le Parti pris des choses (1942)
  • Proêmes (1948)
  • La Rage de l'expression (1952)
  • Le Grand Recueil (I. "Méthodes", 1961; II. "Lyres", 1961; III "Pièces", 1962)
  • Pour un Malherbe (1965)
  • Le Savon (1967)
  • Interviews with Philippe Sollers (1970)
  • La Fabrique du Pré (1971)
  • Comment une figue de paroles et pourquoi (1977)
  • Pages d'atelier, 1917-1982 (2005)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 "Francis Ponge", Contemporary Authors Online, Thomson Gale, 2007, accessed 29 February 2012 (бара претплата)
  2. 2,0 2,1 2,2 "Francis Ponge", Green Integer, accessed 29 December 2011
  3. 3,0 3,1 3,2 "Obituary – M. Francis Ponge", The Times, 11 August 1988
  4. Fawcett, Peter. "Greatness through method", The Times Literary Supplement, 26 December 1986, p. 1440
  5. Dunstan Martin, Graham "Ponge, Francis", The New Oxford Companion to Literature in French, ed. Peter France. Oxford University Press 1995, Oxford Reference Online, accessed 29 February 2012 (бара претплата)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Jacques Derrida, in his essay, "Psyche: Inventions of the Other," minutely analyzes Ponge's poem, "Fable." [1]
  • Jacques Derrida, in his book Signeponge-Signsponge, English translation by Richard Rand, Columbia University Press, 1984.
  • Philippe Sollers, in his essay Francis Ponge, Seghers éditions, Paris, 2001.
  • Annick Fritz-Smead, Francis Ponge: De l'Ecriture à l'Oeuvre, Peter Lang Publishing, 1997.
  • Marco Nuti, Au Pays des Mots. Francis Ponge et l’inaperçu du réel, LED Edizioni Universitarie, Milano, 2009, ISBN 978-88-7916-417-7
  • Jean-Paul Sartre, "L'homme et les choses", in Situations I, Paris, Gallimard, 1947, 251-252.