Прејди на содржината

Франсиско де ла Ластра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франскиско де ла Ластра
Роденоктомври 4, 1777(1777-10-04)
Сантјаго де Чиле, Чиле
Починалмај 13, 1852(1852-05-13) (возр. 74)
Сантјаго де Чиле, Чиле
ПретходникАнтонио Хосе де Ирисари
НаследникХосе Мигел Карера

Генерал Франсиско де ла Ластра и де ла Сота (шпански: Francisco de la Lastra y de la Sotta, 4 октомври 1777 13 мај 1852) бил чилеански воен офицер и прв Врховен директор на Чиле (1814).

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден бил на 4 октомври 1777 година во Сантјаго де Чиле. Тој е син на Антонио де ла Ластра Кортес и на Марија де ла Сота и Агила. [1] Како млад, бил испратен во Шпанија да продолжи со студиите и служел во Кралската шпанска морнарица, каде што бил унапреден во поручник на морнарицата во 1803 година и останал до 1807 година. Се вратил во Чиле во 1811 година. Од самиот почеток бил дел од движењето за независност од 1810 година. Откако се вратил, тој имал различни воени должности. Се пријавил во револуционерната армија и бил назначен за политички и воен гувернер на Валпараисо. Тој во тоа пристаниште организирал милиција и поморска резерва, а исто така воспоставил и арсенали за нејзина одбрана.

Во 1811 година, тој бил заменик-пратеник (претставувајќи го Консепсион) на првиот Национален конгрес, кој се одржал помеѓу 4 јули и 2 декември истата година. На 26 октомври 1812 година, тој бил и еден од потписниците на Уставниот правилник од 1812 година. Тој бил именуван за гувернер на Валпараисо, а исто така бил и прв командант на создадената чилеанска морнарица помеѓу 1812 и 1814 година. Бидејќи имал врски со Карера, Де ла Ластра ја презел власта по првата (или втората) диктатура на Хозе Мигел Карера, додека се борел против шпанските трупи предводени од Антонио Пареха и Габино Гаинза .

На 14 март 1814 година, тој бил избран за врховен директор на Чиле и унапреден во полковник. Тој бил на оваа функција до 23 јули 1814 година. Потоа бил принуден да го потпише Договорот од Лиркај со Шпанците. Тој бил разрешен како последица на овој настан. Во овој момент Карера се вратил во Сантјаго и ја започнал својата втора (или трета) диктатура. По поразот на Ранкагва, на 2 октомври 1814 година, Франциско де ла Ластра бил заробен и испратен на островите Хуан Фернандез (група острови лоцирани западно од Америка) каде што претрпел многу тешкотии.

Тој бил ослободен по победата кај Чакабуко и повторно се врати на служба. Откако го добил чинот полковник, по втор пат бил назначен (во 1817 година) за гувернер и генерален командант на морнарицата во Валпараисо . Во 1823 година бил унапреден во интендент на Сантјаго и таен советник. Како таков, тој станал привремен врховен директор, од 30 декември 1823 година до 3 јануари 1824 година додека Рамон Фреир бил отсутен.

Во 1825 година бил назначен по трет пат за гувернер на Валпараисо. Во 1829 година бил задолжен за општа инспекција на армијата, а набргу потоа бил назначен за министер за војна и морнарица, со задача да ја реорганизира морнарицата. Истата година го добил чинот капетан на морнарицата и бригаден генерал. Учествувал во Чилеанската граѓанска војна од 1829 година .

Потоа се пензионирал во 1839 година. Во 1841 година станал член на апелациониот суд. Во 1841 година, тој бил именуван и за член на Воениот суд. Тој бил избран за заменик на конгресот за Лаутаро, помеѓу 1843 и 1846 година и станал потпретседател на комората на 11 ноември 1844 година. Починал во Сантјаго, на 13 мај 1852 година.

  1. „Francisco De la Lastra de la Sotta“ (шпански). Library of the National Congress of Chile. Посетено на 24 February 2024.

Поврзано

[уреди | уреди извор]