Франсиско де Орељана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Франсиско де Орељана
Роден(а)1511
Трухиљо
Починал(а)ноември 1546
ЗанимањеМорепловец, истражувач
Познат(а) поПрв Европеец кој ја истражувал реката Амазон

Франсиско де Орељана (шпански: Francisco de Orellana; Трухиљо, 15111546) бил шпански морепловец, истражувач и конквистадор. Во историјата е запамтен како човек кој ја открил реката Амазон.

Орељана заедно со Франсиско Пизаро го освојиле Царството на Инките (денешен Перу). Исто така учествувал во експедицијата под водство на Гонзало Пизаро, гувернант на градот Кито 1541, на кого му била доверена задчата да ја најде т.н. Земја на Цимет, митска земја за чии богатства се зборувало помеѓу шпанските конквистадори. Го поминале и планинскиот венец Анди. Затоа што немало резултати, одлучиле да направат брод и да продолжат по реката Коко (Coca). Во текот на таа експедиција загубиле 140 од 220 Шпанци и 3.000 индијанаци од вкупно 4.000 кои пошле на пат. Орељана на 22 февруари 1542 го продолжил патот со 50 луѓе по должината на реката во потрага по храна. Гонзало Пизаро во меѓувреме се вратил во Кито само со 80 Шпанци кои преживееале. Орељана го продолжил патот и после 7 месеци пловидба и поминати 4.800 km по реките Напо, Тринидад, Негро и Амазон, стигнал до устието на реката Амазона на 26 август 1542, од каде продолжил за Нов Кадиз во Кубагви (денешна Венецуела).

Реката добила име Амазон по една случка која се случила на овој пат. Орељана запишал дека експедицијата ја нападнале злобни жени, слични на Амазонките од грчката митологија, но веројатно во прашање биле Индијанци со долга коса.

Потоа се вратил во Европа, прво во Португалија, на која и припаднале новооткривените земји а потоа во родната Шпанија. Превземал уште неколку експедиции на Амазон. Умрел од отровна стрела на карипските домородци на една од експедициите.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]