Франсиско Солано Лопез
Франсиско Солано Лопез Francisco Solano López | |
---|---|
![]() | |
Франсиско Лопез на возраст од 38 години, во 1864 година. | |
Втор претседател на Парагвај | |
На должноста 10 септември 1862 – 1 март 1870 | |
Потпретседател | Доминго Франсиско Санчез |
Претходник | Карлос Антонио Лопез |
Наследник | Сирило Антонио Риварола |
Лични податоци | |
Роден(а) | 24 јули 1827 Асунсион, Парагвај |
Починал(а) | март 1, 1870 Серо Кора, Парагвај | (возр. 42)
Партија | нема |
Сопружник | Елиза Линч |
Деца | Хуан Франсиско Корина Аделаида Енрике Венансио Федерико Морган Лојд Карлос Хонорио Леополдо |
Вероисповед | Католик |
Потпис | ![]() |
Франсиско Солано Лопез Карилјо (шпански: Francisco Solano López Carrillo, 24 јули 1827 – 1 март 1870) — парагвајски политичар, воено лице, и втор претседател на Парагвај од 1862 до 1870 година. Тој бил најстар син на Карлос Антонио Лопез. Франсиско Лопез се смета за виновник на Војната на Тројната алијанса, во која и тој самиот загинал.
Животопис[уреди | уреди извор]
Солано Лопез е роден во Асунсион. Тој бил назначен за генерал на парагвајската војска на негова 18 годишна возраст во 1844 од страна на неговиот татко. Во тој период завладеала нетрпеливост меѓу Аргентина и Парагвај.[1] Во 1853 година бил испратен во Европа каде престојувал околу година и половина. Лопез обезбедил големи количини оружје и воена опрема, како и неколку пароброда и организирал проект за изградба на железничка линија и основање на француска колонија на територијата на Парагвај. Тоа се должело на неговата заслепеност со империјата и личноста на Наполеон Бонапарт.[2] Така, тој ја опремил парагвајската војска со иста униформа како наполеоновата. За себе нарачал реплика од наполеоновата круна.[3] Во Европа ја сретнал куртизаната Елиза Линч и ја донел со него во Парагвај. Таа била негова љубовница и де факто прва дама до неговата смрт.
Кога се вратил во Парагвај во 1855 година станал министер за војна. Солано Лопез бил назначен за потпретседател од неговиот татко.[4][5] Во ноември 1859 година, Лопез на воениот пароброд Такуари, кој бил нападнат од британската кралска морнарица сè со цел да се притисне неговиот татко да ослободи еден британски затвореник. Наредбата за нападот била дадена од Вилијам Торнтон, британско воено лице кое лично ја поддржал Аргентина за време на Парагвајската војна, или позната како Војна на Тројната алијанса.[6] По смртта на неговиот татко во 1862 година, тој свикал конгрес на кој тој бил избран за претседател, функција која ја извршувал 10 години.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Hanratty, Dannin M. and Meditz, Sandra W., editors. Paraguay: A Country Study. Washington: GPO for the Library of Congress, 1988.
- ↑ 2,0 2,1 Hanratty
- ↑ Shaw, Karl (2005) [2004]. Šílenství mocných (чешки). Praha: Metafora. стр. 29–30. ISBN 80-7359-002-6.
- ↑ „Historical list“. ABC Digital. Архивирано од изворникот на 2012-02-29. Посетено на 2012-11-09.
- ↑ „Gallery“. Vicepresidency of Paraguay.
- ↑ TRATADO DE LAS PUNTAS DEL ROSARIO (Guerra del Paraguay)(шпански)
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Енциклопедија Британика (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
- Stupid Wars by Ed Strosser and Michael Prince
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Франсиско Солано Лопез“ на Ризницата ? |
Претходник Маријано Гонзалез |
Потпретседател на Парагвај 1854–1862 |
Наследник Доминиго Франсиско Санчез |
Претходник Карлос Антонио Лопез |
Претседател на Парагвај 1862–1870 |
Наследник Сирило Антонио Риварола |
|