Фосфолипид

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фосфолипиди)
Фосфолипид

Фосфолипидите претставуваат сложени липиди каде нелипидната компонента е фосфорна киселина. Од фосфолипидите, кај растенијата најдобро се проучени фосфатидите, каде двете OH групи на глицеролот се естерифицирани со виши масни киселини, додека третата OH група е естерифицирана со фосфорна киселина за која е врзано органско соединение кое содржи азот во вид на холин или серин.

Тие се значајни органски соединенија бидејќи влегуваат во состав на клеточната мембрана и мембраните на другите клеточни структури.

За молекулата на фосфолипидите е карактеристично што е таа биполарна, односно има еден хидрофилен (се сврзува со вода) и еден хидрофобен (не се сврзува со вода) крај. Поточно, фосфатната група со азотното органско соединение го сочинуваат хидрофилниот, главичест дел од молекулата на фосфолипидот, а вишите масни киселини го претставуваат хидрофобниот опашест дел на молекулата.