Форконтумац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Форконтумац
Географија
Координати44°50′53″ N; 20°36′36″ E / 44.8480° N; 20.6100° E / 44.8480; 20.6100Координати: 44°50′53″ N; 20°36′36″ E / 44.8480° N; 20.6100° E / 44.8480; 20.6100
Управување

Форконтумац — речен остров кој се наоѓа на Дунав, источно од Белград и северно од соседниот остров Чакљанец. Двата острови се најјужниот дел на Панчево[1]. Островот има површина од 391,7 хектари. Устието на Тамиш се наоѓа северно од Форконтумац.

Име[уреди | уреди извор]

Името на островот се однесува на поранешната карантинска станица во градот, изградена во почетокот на 18 век. Стариот термин Контумаш се користел како синоним за карантин. Во 1813 година, еден од најпознатите гости на островот бил Вук Караџиќ кој останал таму неколку недели. Германското име Ворконтумац значело „станицата пред седиштето“. Оваа станица била сместена во близина на устието на Тамиш.

Природна околина[уреди | уреди извор]

Повеќе од 50 проценти од островот е недопрена природа, која се состои од густа шума. Форконтумац е важно живеалиште на бројни видови птици.

Одморалиште[уреди | уреди извор]

Постои викенд населба со околу 400 колиби на западниот дел на островот, кои главно се користат од страна на жителите на градот во текот на летото. Името на ова одморалиште е Бела Стена и значи бела карпа. Белата песочна плажа ја прави популарна од седумдесеттите години на минатиот век. Во текот на жешките денови, плажата ја посетуваат илјадници капачи[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Službeni list grada Pančeva, 31/2015, p. 20, Посетено на 2017-03-24.
  2. Forkontumac - pančevački Havaji, article on the Website by RTS, Посетено на 2017-03-24.