Форензичка ентомологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Форензичката ентомологија е научна дисциплина која ја изучува шемата на инвазијата на инсектите со нивните развојни фази на различни видови кои можат да се најдат на распаднат труп или останки за време на правни истражувања.[1] Тоа е апликација на биологијата во проучување на инсекти за правни прашања. Форензичката ентомологија вклучува изучување на инсекти. Останатите членконоги се вклучени како случајни минувачи или членконоги кои се исхрануваат со инсекти. Членконоги кои се вклучуваат се пајаци, стоногалки,крлежи, изоподни ракчиња итн. Освен што првенствено се користи во одредување на пост морталниот период, може да се користи и за истражување и на други спорови во однос на инвазија на инсекти на некој посев и слично. Форензичката ентомологија исто така може да се користи за откривање дроги и отрови, се утврди локацијата на инцидент, и да се најде на присуство и времето на нанесување на рани. Судска Ентомологија можат да бидат поделени во три подобласти: урбани, продукти кои се складираат и медицинско-правна/медицинско-кривична ентомологија. Двокрилците се први инсекти кои го населуваат трупот по настанување на смртта. Останати инсекти кои се појавуваат на телото се тврдокрилците со фамилиите Sylphidae,Dermestidae,Nitidulidae,Cleridae,Trogidae итн.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 'Lucilia sericata (Meigen) and Chrysomya megacephala (Fabricius) (Diptera: Calliphoridae) Development Rate and its Implications for Forensic Entomology. „J Forensic Sci Med“ том  2 (3): 146–150. doi:10.4103/2349-5014.191466.