Фонтана Ахмед III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фонтана Ахмед III.
Фонтана Ахмед III.
Фонтана Ахмед III.

Фонтаната на Султан Ахмед III (турски: III. Ahmet Çeşmesi) — фонтана во турски рококо стил која се наоѓа на големиот плоштад пред Царската порта на палатата Топкапи во Истанбул, Турција. Таа била изградена во времето на османлискиот султан Ахмед III во 1728 година, за време на т.н. Ера на лалињата. Фонтаната претставувала место каде се собирале жителите за време на отоманскиот период на Цариград.

Историја[уреди | уреди извор]

Фонтанскиот киоск на Ахмед III се наоѓа на местото на византиска фонтана, позната како Перајтон. Друга фонтана, изградена за време на Византија, се наоѓала на местото пред оваа фонтана[1]. Архитектонските карактеристики на надворешноста одразуваат синтеза на традиционалните отомански и современи западни стилови.

Фонтаната била прикажана на задната страна од турските банкноти од 10 лири од 1947-1952.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фонтаната има пет мали куполи и има облик на михраб. На секоја од четирите страни на фонтаната постои чешма. Водата се снабдува од октогонален базен во внатрешноста на киоскот.

Над фонтаните за пиење се наоѓаат големи калиграфски плочи со сини и црвени плочки.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Dünden Bugüne Istanbul Ansiklopedisi (1993) Istanbul, Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı I, 116-117.
  • Aynur, Hatice and Hakan T. Karateke (1995) III. Ahmed devri Istanbul çesmeleri, 1703-1730. Istanbul, Istanbul Büyükşehir Belediyesi Kültür İşleri Daire Başkanlığı.
  • Egemen, Affan (1993) Istanbul'un çesme ve sebilleri: resimleri ve kitabeleri ile 1165 çesme ve sebil. Istanbul, Aritan Yayinevi.
  • Kara Pilehvarian, Nuran (2000) Fountains in Ottoman Istanbul. Istanbul, Yapi-Endüstri Merkezi Yayinlari.
  • Şerifoğlu, Ömer Faruk (1995) Su güzeli: Istanbul sebilleri. Istanbul, Istanbul Büyükşehir Belediyesi Kültür İşleri Daire Başkanlığı.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Fountain of Sultan Ahmed, Constantinople, Turkey“. World Digital Library. 1890–1900. конс. 2013-10-18. 
  2. Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано 2009-06-03 во WebCite. Banknote Museum: 4. Emission Group - Ten Turkish Lira - I. Series & II. Series. – Retrieved on 20 April 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°00′29.71″N 28°58′52.36″E / 41.0082528° СГШ; 28.9812111° ИГД / 41.0082528; 28.9812111