Фокстрот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фокстротот настанал во 20-тите години на минатиот век и името го добил по Хари Фокс, американски танчер шоумен. Триесетите години се сметаат за златно доба на овој танц, кога се создадени и најголемиот број музички дела со овој ритам. Интересно е дека има бројни варијации за овој танц со едноставни чекори. Но навидум лесни, чекорите имаат најтешка техника од сите стандардни танци. Тајната на фокстротот е тоа што движењето не смее да престане, а танчерите слеани како еднен мораат постојано да пловат по подиумот.