Флоренс Хендерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Флоренс Хендерсон (англиски: Florence Henderson) (1934 - 24 ноември 2016, Лос Ангелес) - американска глумица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Флоренс Хендерсон е родена во 1934 година, во Индијана. Починала на 24 ноември 2016 година, во една болница во Лос Ангелес.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Хендерсон ја започнала глумечката кариера во театар, а подоцна започнала да глуми во телевизиски серии и филмови. Пошироката слава ја стекнала со хумористичната серија „Семејството Брејди“, која започнала да се прикажува во 1969 година, како прва американска серија која го прикажува животот на едно нетрадиционално семејство. Во серијата, таа ја глумела самохраната мајка на три ќерки Керол Брејди, која стапува во брак со вдовец со три сина. По завршувањето на серијата во 1974 година, таа играла во неколку серии, како: „Невестите Брејди“, „Среќен Брејди Божик“ и „Брејдиеви“, „Убиство по сценарио“, „Љубовен брод“ и „Л.А. Закон“. Исто така, Хендерсон настапила и во неколку филмови, како: „Песната на Норвешка“, „Гол пиштол 33 1/3“ и „Педесет нијанси црно“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Почина Флоренс Хендерсон, ѕвздата на Семејството Брејди“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 21.