Животински и растителен свет на Бразил

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Флора на Бразил)
Голем тукан — типична птица на бразилските дождовни шуми.
Во џунглите на бразил живеат многу видови отровни дрволазни жаби.

Во овој дел од Јужна Америка животинскиот и растителниот свет на Бразил ги вклучува сите природни видови животни, габи, и растенија. Шеесет проценти од дождовната шума во Амазон содржи една десетина од сите видови во светот, а се смета дека во светот, има најголем број природни разновидни видови во Бразил за разлика од некој друг град. Во Бразил живеат најпознатите видови на растенија (55.000 видови), слатководни риби (3000 видови), и цицачи (преку 520 видови). Исто така Бразил се наоѓа трета во списокот на земјите со најголем број видови на птици (1622 видови), и петта по ред со видови на влекачи (468 видови). Бројот на габите е непознат, но мора да ги има во голем број. Околу две третини од сите видови во светот се наоѓаат во тропските области, често совпаѓајќи се со земјите во развој како што е Бразил. Како земја со најголем број на ендемски видови е Бразил како втора во Индонезија.[1]

Биоразновидност[уреди | уреди извор]

Во животинското царство, начелно во Бразил има најголем број на копнени ’рбетници и безрбетници од било која друга земја во светот. Оваа голема разновидност на фауната може делумно да се објасни со големината на Бразил и добрата варијација на екосистемите како што е Амазонската дождовна шума, Атлантичката шума и саваната Серадо. Објавената бројка за вкупниот број на различната фауна во Бразил варира од еден до друг извор, како што таксономистите некогаш не се согласуваат за класификацијата на видовите, и информациите можат да бидат непотполни или застарени. Исто така продолжуваат да се откриваат нови видови а некои изумираат во дивината. Бразил, за разлика од која било друга земја во светот, има најголем број на разновидни примати (77 видови), и слатководни риби (преку 3000 видови). Исто така има и најголем број на цицачи, 524 видови, втор е со најголем број на анфибии 517 видови, пеперутки со 3150 видови, трет е со најголем број на птици со 1622 видови, и петти по ред со 468 видови влекачи. Има и голем број на загрозени видови , од кои повеќето живеат во загрозени средини како што е Атлантската шума или Амазонската дождовна шума. Научниците во Бразил пронашле помеѓу 96,660 и 128,843 илјади видови на безрбетници. Според пресметките во 2005 година од страна на Томас М. Левинзон и Пауло И. Прадо, Бразил содржи околу 9,5 % од сите видови и 13,1% од животните пронајдени во светот, овие бројки најверојатно ќе бидат потценети од страна на авторите. Доволно познато е да се каже со сигурност за габите во Бразил дека бројката на природните видови мора да е голема и многу поразлична: во 1950-тите, 1960-тите и раните 1970-ти години, во работата всушност сосема ограничени на државата Пернамбуко повеќе од 3300 видови биле надгледувани од страна на една група микологисти. Според моменталните предложени пресметки само 7% се откриени од видовите на габи во светот, од кои повеќето се наоѓаат во умерените делови, а се очекува бројот на видовите на габите во Бразил да биде уште поголем. Бидејќи тоа опфаќа многу богати екосистеми за животни, габи и растенија, Бразил има илјадници видови од кои многу ( ако не и повеќето) се сè уште неоткриени. Во изминатиот век поради релативно избувливиот економски и демографски пораст на земјата, способноста на Бразил за заштитување на еколошките средини е сè повеќе е загрозена. Пространото сечење во шумите особено во Амазон, официјално и неофицијално секоја година уништува области со големина на една мала земја, и го уништува разновидниот свет на растенија и животни. Како и да е, различните видови поседуваат посебни одлики или се изградени на интересен начин, некои од нивните споосбности се копирани за употреба на технологијта (види bionics) а профитот потенцијално може да резултира со успорување на уништувањето на шумите.

Екорегиони[уреди | уреди извор]

Огромната површина на Бразил е поделена на различни еколошки региони на неколку видови биоми. Поради големата разновидност на живеалишта во Бразил, постои голема разновидност на див свет, тргнувајќи од шумите во Амазонската дождовна шума и Атлантската шума (која го содржи Атлантскиот брег), тропската савана Серадо, растителноста во сушните области во Катинга, до најголемото мочуриште Пантанал.

Животни[уреди | уреди извор]

Цицачи и влекачи[уреди | уреди извор]

Дивите каниди кои се пронајдени во Бразил се волк со грива, бушаво куче, прастара лисица, куче со кратки уши, ракојадеста лисица, и пампска лисица. Видовите на мачки во Бразил се : јагуар, пума, маргај,онцила и јагуарунди. Други знаменити животни се: џиновски мравојад, неколку видови мрзливци и армадил, коати, џиновска речна видра, тапир, пекари (американско диво прасе), мочуриштен елен, пампска срна, и капибара ( најголем глодач во светот). Има околу 75 видови на примати вклучувајќи го и мајмунот рикач, мајмунот капуцинер, мајмунот верверица, мал тропски мајмун, и тамарин. Во Бразил живее анакондата, контроверзно опишана, како најдолгата змија на планетатата. Должината на оваа водна змија била и долга до 9,1 м долга, но историските докази покажуваат дека домородците и раните Европски истражувачи покажале дека нивната должина се движи од 30 м.

Безрбетници[уреди | уреди извор]

Има 1107 видови на мекотели кои не се морски и живеат во дивината на Браил. Втор по ред во светот е пајакот Голијат-јадач на птици (Theraphosa blodni) и може да се најде во некои области во Бразил.

Инсекти[уреди | уреди извор]

Пресметано е дека Бразил има најголем број на инсекти од која било друга земја во светот. Проценети се преку 70,000 видови на инсекти а според некои други проценки има и над 15 милиопни видови, од коишто повеќето биле откриени во текот на денот. Според еден извештај во 1996 година, проценети се помеѓу 50,000 и 60,000 видови на инсекти и пајаци само на еден хектар од дождовната шума. Околу 520 видови тисаноптера припаѓаат на шесте фамилии од 139 видови фосили кои се најдени во Бразил.

Птици[уреди | уреди извор]

Трета земја после Колумбија и Перу, се вбројува Бразил , како земја со најголем број на различни видови на птици од кои има 1622 видови, вклучувајќи преку 70 видови на папагали. Исто така има и ендемски птици. Разновидноста на видовите птици е многубројна и вклучува птици подредувајќи ги од светло обоени папагали тукани и трогони до фламинга, патки, мршојадци, соколи, орли, бувови, лебеди и колибри. Има и видови на пингвини кои се пронајдени во Бразил. Најголемата птица која е пронајдена во Бразил е рејата, безлетна птица слична на емуто.

Водни и водоземни видови[уреди | уреди извор]

Во Бразил се идентификувани преку 3,000 видови слатководни риби и преку 500 видови водоземци. Најпознатата риба во Бразил е пираната. Меѓу другите водни и амфибиски животни кои се пронајдени во Бразил е и розовиот делфин ( најголем речен делфин во светот), алигатори ( како што е црниот Кајман), и пирарусу ( најголема речна риба во светот). Сродни на нив се и светло-обоените отровни жаби кои ги има во изобилие во Амазонската дождовна шума.

Габи[уреди | уреди извор]

Разновидноста на габите во Бразил е зачудувачка -дури и мала група која е скоро позната. Употребувајќи ја конвенционалната микроскопија, и испитувајќи живи листови собрани од разновидни растенија, микологистот Батиста и неговите колеги работејќи во градот Пернамбуко во педесеттите, шеесеттите и седумдесеттите години, регуларно збележале повеќе од еден вид на габа а понекогаш и до десет габи на само еден лист. Иако резултатите за габите насекаде во светот се многу поделени, претходните резултати засновани само од работата на Батиста покажува дека бројот на потенцијалните ендемски видови габи во Бразил веќе надминува над 2000 видови.

Растенија[уреди | уреди извор]

Покрај сите други земји во светот во Бразил ги има најпознатите видови на растенија (55,000 видови). Околу 30 % од видовите растенија во Бразил се ендемски. Во регионот на Атлантската шума има тропски и суб-тропски влажни шуми, тропски суви шуми, тропски савани и шуми со дрвја наречени мангрови. Регионот во Пантанал е влажен и има 3,500 видови растенија. Саваната Серадо е биолошки најразновидна савана во светот. Дрвото Пау-Бразил (познато како Бразилско дрво) било заедничко растение кое било пронајдено покрај Атлантскиот брег на Бразил. Прекумерното сечење на скапоцените дрвја и црвената боја на кората води кон изумирање. Како и да е, уште на почетокот со синтетичките боења, дрвото Пау-Бразил било помалку уништувано. Понекогаш Пау-Бразил се спомнува дека е правилното име на државата. До границата со Венецуела се наоѓа планината Монте Рораима, каде има многу месојадни растенија. Растенијата еволуирале да ги варат инсектите поради олиготрофската материја која ја содржат (мал степен на храна) во земјата на тепуи.

Опасност за дивиот свет[уреди | уреди извор]

Повеќе од една петтина од Амазонската дождовна шума во Бразил е комплетно уништена, и се загрозени повеќе од 70 видови цицачи. Опасноста за изумирање произлегува од неколку извори вклучувајќи го уништувањето на шумите и ловокрадството. Изумирањето е дури и повеќе сериозно во Атлантската шума каде што приближно 93 % од шумата биле уништени. Од 202 видови кои се загрозени животни во Бразил, 171 вид се наоѓаат во Атлантската шума. Моментално 15,8 милиони акри од тропскиот екосистем е отстранет за фарма за шеќерна трска за производство на етанол. Останатите 4,5 милиони акри се планирани да се насадат за време во текот на наредните четири години. 70 до 85 % од енергијата која се пренесува во Бразил е произведена од етанолот, разновидни мешавини од етанол и нафтени горива. Само 15 до 20 % произлегува од увезената нафта. Овој обемен програм за национална природна нафта ја уништува разновидноста на дивиот свет, и глобалната клима/средина. Статија 1. Со добивањето на природна енергија, Британската нафта, BP (British Petroleum) планира и понатаму да го развива програмот за етанол.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Amazon - World's largest tropical rain forest and river basin“. Светски фонд за природа. Посетено на 2010-06-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]