Флексибилно стакло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флексибилно ултра тенко стакло што се користи кај паметните телефони што се преклопуваат

Флексибилно стакло - легендарен изгубен пронајдок од времето на владеењето на римскиот цар Тибериј Цезар (помеѓу 14-37 по Хр.). Како што било раскажано од Исидор Севилски, занаетчија, кој ја измислил оваа техника донел чаша направена од флексибилно стакло пред Цезар кој се обидел да ја скрши, при што материјалот се натиснал, наместо да се скрши. Пронајдувачот потоа ја поправил чашата многу лесно со мал чекан. Пронаоѓачот му се заколнал на царот дека само тој ја знаел техниката на производство. Тибериј наредил да му се пресече главата на пронаоѓачот, стравувајќи дека таков материјал би можел да ја намали вредноста на златото и среброто.[1]

Приказната на тажната судбина на пронајдувачот на некршливо стакло (vitrum flexile) во рацете на Тибериј (42 п.н.е. – 37 по Хр.) била првично поврзана со две повеќе или помалку современи компилации, имено компилација на Петрониус (в. 27-66 АД, Satyricon 51) и Плиниј Постариот (23-79 по Хр., Naturalis Historia XXXVI.lxvi.195). Плиниј не верувал во vitrum flexile, велејќи дека приказната е почесто раскажувана отколку што е вистинита. Касиј Дион (околу 150-235 по Хр., Historia Romana 57.21.7) исто така, раскажал слична приказна, пишува дека 'архитект чие име никој не го знае,' кого Тибериус го истерал од љубомора заради неговата вештина, 'додека архитектот приоѓал кон царот за да бара помилување, намерно фрлил на земјата една чаша; кога ги поминал рацете врз чашата повторно стнала цела. За ова, тој се надевал да добие помилување, но наместо тоа, императорот го осудил на смрт.' Приказната била забележана и прераскажувана од Исидор Севилски (в. 560-636, Etimoligae XVI.16.6, 'De vitro'). Подоцна, во тринаесеттио век, и ова откритие било забележано од псевдо-Хераклиус користејќи ги зборовите на Исидор (De coloribus et artibus Romanorum III.vi [256]).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Isidore of Seville (2006). The Etymologies. Преведено од Stephen A. Barney; W. J. Lewis; J. A. Beach; Oliver Berghof. Cambridge University Press. стр. 328. ISBN 0-521-83749-9.