Прејди на содржината

Фламенко-гитара

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фламенко-гитара — тип на гитара изработена главно со цел на неа да се свири фламенко.

Фламенго гитара

Традиционалните фламенко-гитари се изработуваат од шпански чемпрес и смрека, и се полесни во тежина и малку помали од класичните гитари, со цел да произведуваат „поостар“ звук. Фламенко-гитарата, во контраст на класичната, е исто така опремена со бариера налик на штитник, често пластична, што му овозможува на гитаристот да вметне ритмичко удирање по гитара без да ја оштети. Фламенко-гитарата исто така се користи различно од класичната гитара, со различни стилови на удирање по жиците, како и употребата на каподастро.

Накратко, фламенко-гитарите се наменети за подобро да се вметнуваат во фламенко музиката отколку класичните гитари; сепак, некои поквалитетни фламенко-гитари користат слични материјали на оние за класичните гитари.

Фламенкото е оригинална шпанска форма на уметност. Постои во три форми: cante - песната, baile - танцот и guitarra - гитара, свирењето на гитара.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]